Испразнети паркови, плоштади, улици - Скопје пред и за време на корона, низ фотки

Додека светот е во битка со корона вирусот кој владее и во нашата земја, и Скопје стана „град на духови“ - го нема детскиот џагор, редиците за кафе во парк, метежот на најпрометните улици и луѓето кои безгрижно шетаат во толпи.

isprazneti-parkovi-ploshtadi-ulici-skopje-pred-i-po-korona-niz-fotki-01.jpg

Пандемијата на корона вирусот ги „затвори“ градовите и државите низ светот во домашен карантин, а луѓето се обидуваат да најдат начин полесно да го поминат времето дома додека светот се опоравува.

Улиците низ градовите се испразнија од вообичаените минувачи и туристи, парковите останаа без вообичаенот џагор, булеварите се тивки без бучавата од сообраќајниот метеж, а се надеваме дека тоа ќе заврши со еден позитивен резултат - победа над корона вирусот и повторно враќање на безгрижен живот, безгрижни насмевки, безгрижни прегратки, безгрижни прошетки. 

Но, овојпат, со многу поголема свест - ќе излеземе од домовите и ќе ги наполниме градовите со поголема благодарност кон вистинските вредности во животот! 

И во Скопје е забележителна разликата, а вообичаено полните места низ градот, сега се празни, тивки и по малку страшни...

Се обидовме да најдеме пред и потоа фотки од Скопје - како се промени главниот град?

Пред старата железничка станица во Скопје - вообичаениот метеж од претходно vs. празна улица сега

Фото пред: depositphotos.com/ Фото потоа: Иван Алушевски

Партизанска – со вообичаените светла и метеж од автомобили vs. празен, опустошен булевар

Фото пред: Марио Андоновски / Фото потоа: Јована Аврамовска

Плоштадот за време на зимските празници vs. сега – празен, без душа

Фото пред: Никола Трајкоски/ Фото потоа: Дарко Пановски

Плоштадот полн со минувачи и туристи vs. плоштадот празен за време на викенд

Фото пред: Никола Трајкоски/ Фото потоа: CRNOBELO.com

Градскиот трговски центар - во април 2019 vs. април 2020

Фото пред: Градски Трговски Центар - Скопје/ Фото потоа: Дарко Пановски

Рекорд со светла, бои и празнични украси vs. празна улица без луѓе и автомобили

Фото пред: stefzn/ Фото потоа: CRNOBELO.com

Пред дискотеката Avenue – вообичаен метеж за викенд vs. празна улица и мир во центарот на Скопје

Фото пред: Дарко Пановски/ Фото потоа: Дарко Пановски

Градскиот парк во сончеви денови пред корона vs. празен парк во сончеви денови сега

Фото пред: D'Cups - City Park Skopje/ Фото потоа: CRNOBELO.com

Плочникот во Порта Влае полн со луѓе и автомобили vs. празен плочник и улица - без луѓе и метеж од автомобили

Фото пред: Давид Давидовиќ/ Фото потоа: Давид Давидовиќ

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
Позади добрите фотки на Бали стои водич кој ви објаснува како да позирате (видео) „Ова е навистина од помош за срамежливи парови“, „Водичите на Бали дефинитивно с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg