Загадувањето на Земјата низ моќни фотографии
Џ. Хенри Фер е фотограф кој живее во Њујорк и Берлин. Таа ја користи фотографијата за да ни покаже колкава штета ѝ правиме на планетата.
Хенри патува низ светот и како дел од проектот „Industrial Scars“ (Индустриски лузни) прави уникатни фотографии кои навистина ќе ве натераат да размислувате за загадувањето и нашата животна околина.
Фотографиите на Хенри се направени од птичја перспектива, со помош на мал авион, и ја прикажуваат штетата од индустријализацијата на нов начин.
Од ископување нафта, па сè до уништување на живеалишта, нејзините фотографии ја илустрираат тажната реалност на модерниот свет.
Фотографиите во продолжение биле изложени во Берлин до октомври минатата година, а според веб-сајтот на Хенри, изложбата ја погледнале околу 700.000 посетители:
Траги од багер во близина на рафинерија за алуминиум, Луизијана, САД
Алуминиумот, кој се користи за речиси сè, е најчестиот метал во земјината кора, но никогаш не се наоѓа во слободна состојба. Рафинирањето на металот е комплексен хемиски процес, со лошо влијание на околината. Потребно е големо количество електрична енергија, а самата хемиска реакција испушта многу стакленички гасови и останува големо количество цврст отпад.
Танкер за нафта, Канада
На фотографијата се гледа мост кој води до дупката за проверка на бунарот нафта.
Последици од катастрофата Deepwater Horizon, САД
Во 2010-та се случи катастрофа поради која над 7 милиони литри нафта завршија во водата во Мексиканскиот залив.