Дали сте тврдоглави?
Многу луѓе за себе сакаат да кажат дека се тврдоглави. Обично оваа тврдоглавост тие ја поврзуваат со одлучност и упорност, така што во главата на...
...многумина ова и не е лоша особина. Но, тврдоглавоста е карактерна особина која може многу повеќе да ве ограничи отколку да ви донесе успех. Тоа што сте тврдоглави не ве прави потребни и ефикасни.
Ако сакате да правите „по свое“, каква перцепција ќе имаат за вас луѓето кои ве окружуваат во приватниот и професионалниот живот?
Колку всушност сте флексибилни и подготвени за компромис? Тврдоглавите луѓе обично се држат до своите начела и кога се сами не се доволно подготвени или компететнтни за да постигнат одредена цел.
Причина за тоа е нивната самодопадливост и инает. Да го сослушате туѓото мислење или да прифатите сугестија не значи да немате свој став и да сте неспособни. Тврдоглавост и упорност не се исто.
Упорноста е особина која не тера и турка до одредена зацртана цел, откако сме процениле како е најдобро да се дојде до истата.
Тврдоглавоста најчесто не одвраќа од таа цел. Упорната личност ќе ги сослуша советите и предлозите, и потоа ќе одлучи како да го постигне замисленото. И додека тврдоглавите луѓе обично го занемаруваат туѓото мислење, упорните личности се одлучни во настојувањето да ја остварат целта, но не да на начин во кој ќе ја исклучат околината.
Важно е јасно да ја дефинирате целта и во секој момент да бидете свесни за своите можности. Немаме секогаш сами најдобро решение за сите проблеми.
Методите на другите луѓе неретко се покажуваат како многу ефикасни и прифатливи. Вие само треба разумно да ги процените опциите и да ја одберете онаа која најквалитетно ќе го реши одредениот проблем. После тоа упорно и одлучно тргнете кон целта.