Рајан Рејнолдс и уште 9 познати ламберсексуалци - Што претставува ламберсексуалец?
Машката мода и машките трендови се менуваат исто брзо колку и женските.
И мажите мораат постојано да бидат во тек со промените, па прво имавме „метеросексуалци“, потоа „хипстери“, а сега се појави и нов збор - „ламберсексуалец“.
Зборот потекнува од англискиот lumberjack (дрвосечач) и воглавно е комбинација од стилот препознатлив за американските дрвосечачи (карирани кошули и брада) и стилот познат како „хипстер“.
Што точно ги одликува ламберсексуалците?
Изгледа дека главната одлика на овие мажи е да изгледаат како да не се грижат за својот изглед, додека важи спротивното.
Сепак, да изгледате силно и неуредно, а сепак привлечно, бара труд, како и секој моден тренд.
Постојат неколку карактеристики што се препознатливи за овој тренд:
Карирана кошула: Ова е најчестиот избор на облека на „ламберсексуалците“. Најпопуларни се кошулите со црна и црвена боја, кои обично се комбинираат со „износени“ фармерки, чизми и волнена капа. Понекогаш во комбинацијата може да се вметне и спортско сако.
Коса и брада: Овие мажи се одликуваат со малку подолга и навидум неуредна коса. Друга важна карактеристика на стилот е брадата која, исто како и косата, изгледа неуредно.
„Запоставен“ изглед: Како што напоменавме, овие мажи изгледаат како да не се грижат за својот изглед. Односно, изгледаат како да го облекле првото нешто од гардероберот, но сепак изгледаат привлечно.
Тетоважи: И тетоважите се чест „додаток“ кај мажите кои го преферираат овој стил.
Природа, ранец и очила: Бидејќи и самиот збор потекнува од „дрвосечач“, јасно е дека овие мажи ја сакаат природата, прошетките во шума и спортовите на отворено. Притоа, со нив секогаш имаат ранец, а неретко и очила.