5 трикови кои ќе ви помогнат да оставите добар прв впечаток
Првиот впечаток што го оставате на луѓето е поважен отколку што мислите. Би било добро кога луѓето не би ги суделе другите според надворешниот изглед, туку според карактерот и заслугата.
Но, сите знаеме дека првиот впечаток е поважен од другите квалитети.
Постојат неколку трикови што можат да ви помогнат да оставите добар прв впечаток:
Не се насмевнувајте веднаш штом ќе се сретнете
Сите сме свесни дека насмевката сигнализира пријателски однос кон луѓето, но експертите советуваат дека не треба да претеруваме. Тие велат дека кога ќе сретнеме некого, треба да почекаме неколку моменти пред да се насмевнеме за првпат, затоа што тоа ќе направи да изгледаме поприродно.
Не „зјапајте“ во соговорникот
Истражувањата откриле дека мажите понекогаш го толкуваат долгиот контакт со очите како агресивно однесување. Поради оваа причина, треба да бидете претпазливи кога за првпат го слушате вашиот соговорник. Обидете се да не го гледате премногу долго.
Обрнете внимание на вашето држење
Погледнете ги професионалните спортисти и актери. Тие ретко се подгрбавени. Нивната околина ова го толкува како знак на голема самодоверба. Експертите ќе ви кажат дека треба да обрнете внимание на вашето држење, особено кога запознавате нови луѓе.
Покажете го вашиот интерес за соговорникот
Не, тоа не значи дека треба да бидете премногу агресивни кон личноста со која се среќавате за првпат. Туку, треба внимателно да ја слушате, да поставувате соодветни прашања и на други невербални начини да сигнализирате дека сте заинтересирани за тоа што сака да го каже.
Дел од работите на кои треба да посветите внимание кога првиот впечаток ви е важен, е и комбинацијата на облека во која ќе се појавите. Доколку повеќе немате идеи и ви требаат свежи стајлинзи, шик парчиња можете да најдете и во онлајн продавницата на Fashion Group.
Запомнете - нема втора шанса за прв впечаток.
Ашера | Црнобело