Денот кога престанав да се грижам за сѐ е денот кога започнав среќен живот
Велат дека времето што ќе го минеш во уживање не е изгубено време и ова е најголемата вистина што ја научив во животот.
Навистина е неверојатно како сѐ наеднаш стана тривијално за мене, но едноставно се случи. И се почувствував како некој да кренал огромна тежина од моите раменици.
Мојот живот се промени драстично и јас се променив на подобро.
Престанав да се грижам за сѐ и сешто.
Престанав да се грижам за работите кои се надвор од моја контрола. Престанав да размислувам како моите дела ќе направат да изгледам. Моите мислења. Моите избори. Моите идеали. Моите мисли. Моите несигурности.
Што мислам сега јас за себе ми е поважно од што мислат другите за мене.
Сега сум тоа што сум и не ми е страв да им покажам на другите колку ми е комфорно во моја кожа.
Престанав да се грижам за бркањето на одредени цели. Трчањето и брзањето по крајни рокови. Опседнувањеро со строги планови. Комплетното истошување на себеси до состојба на мизерија.
Завршив со сето тоа. Завршив со преправање дека го сакам тоа што го правам затоа што тоа ми ја цицаше душата. Не е важно дали е општествено прифатено. Затоа што мојот живот е само за мене и за никој друг.
Престанав да се грижам да бидам добра за сите. Престанав да се секирам дали ме сакаат, почитуваат или мразат. Се откажав од идејата да бидам совршено човечко суштество кое сите ќе го обожаваат. Престанав да ги исполнувам желбите на сите. Престанав да ги правам среќни сите. Престанав со ставање на нивните потреби на прво место.
Јас не сум робот, јас сум човек. Имам емоции, исто како и ти. Не можам да го поминам животот справувајќи се со луѓе кои се преправаат дека ми се пријатели. Заслужувам пoдобро.
Престанав да се трудам да искористам најмногу што можам од животот. Велат дека времето што ќе го минеш во уживање не е изгубено време и ова е најголемата вистина што ја научив во животот.
Веќе не работам до колабрирање. Не си го ризикувам здравјето за работи кои не се значајни. Повеќе не се чувствувам виновна што одвојувам време за релаксација и полнење на батериите.
Научив да си простувам себеси и да се прифатам таква каква што сум.
Денот кога престанав да се грижам за сѐ е денот кога почнав да го живеам својот живот.