Влијанието на боите врз нашите чувства и емоции - како да ги искористите?

Црвена

Црвената е боја на моќ, енергија и страст. Неретко, оваа боја ни помага да се мотивираме, па дури и веднаш да делуваме за некоја цел.

Кога да ја употребувате?

Ако имате многу работа, опкружувањето со црвена боја ќе ве мотивира да работите. Истовремено, ако сакате да привлечете внимание, нема да останете незабележани со црвена облека или црвен моден детаљ.

kakvo-e-vlijanieto-na-boite-vrz-nashite-chuvastva-07.jpg

Жолта

Жолтата боја предизвикува возбуда и позитивност. Истовремено, жолтата се смета за боја на свесноста и боја што ги намалува грижите.

Кога да ја употребите?

Сте забележале ли дека голем број знаци имаат жолта позадина и црни букви? Причината е што жолтата привлекува внимание и нè тера да се фокусираме на информациите.

Па, ако сакате да пренесете важна порака или, пак, имате некоја презентација, слободно употребете жолта боја.

kakvo-e-vlijanieto-na-boite-vrz-nashite-chuvastva-08.jpg

Бела

Сите ја поврзуваме белата со чистота и невиност. Истовремено, белата прави да се чувствуваме безбедно, па дури и дава надеж. Воглавно, белата боја буди позитивни чувства.

Кога да ја употребите?

Белата ќе ви помогне да ја нагласите чистотата во вашиот дом. Белото опкружување ќе ви помогне да се чувствувате безбедно и удобно.

kakvo-e-vlijanieto-na-boite-vrz-nashite-chuvastva-09.jpg

Розова

Неретко, розовата симболизира романтичност и топлина, но се користи и како боја на феминизмот.

Речиси секогаш ја поврзуваме со грижливост и нега, па веројатно затоа можеме да ја најдеме на многу детски и женски продукти.

Кога да ја употребите?

Розовата може да направи да изгледате попривлечно во очите на мажите. Истовремено, ова е одлична боја за слатки, бидејќи нè тера да мислиме дека она што го гледаме е навистина слатко.

kakvo-e-vlijanieto-na-boite-vrz-nashite-chuvastva-10.jpg

Кафеава

Кафеавата е „природна“ боја и неретко прави да се чувствуваме удобно. Всушност, оваа боја може да направи да се чувствувате удобно каде и да се наоѓате.

Кога да ја употребите?

Ако сакате да ја направите просторија „потопла“, не штедете со кафеавите детали. Понекогаш, оваа боја симболизира моќ и богатство, па користете ја ако сакате да го покажете тоа.

kakvo-e-vlijanieto-na-boite-vrz-nashite-chuvastva-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg