Влијанието на боите врз нашите чувства и емоции - како да ги искористите?
Знаевте ли дека, наводно, 90% од изборите што ги правиме во животот зависат од боите што нè опкружуваат? Односно, неретко одредуваме дали ни се допаѓа некој предмет според неговата боја.
Боите имаат влијание не само врз нашите одлуки, туку и врз нашите чувства. Па, добро би било да го знаете влијанието на секоја боја и да го искористите ова во ваша корист.
Погледнете го влијанието на десет бои врз нашите емоции:
Портокалова
Портокаловата боја може да ви даде енергија и да ви помогне да се активирате, особено ако сакате да вежбате.
Оваа боја поттикнува чувства како оптимизам и храброст, па на некој начин ви дава сила да се справите со предизвиците.
Неретко, портокаловата се поврзува и со креативност и забава.
Кога да ја употребите?
Ставете акцент на портокаловата боја кога сакате да вежбате, да привлечете внимание или да бидете забавната личност во друштвото. Портокаловата е одлична за простории за вежбање, забави, па дури и облека.
Сина
Речиси сите ја поврзуваме сината боја со удобност и мир.
Најчесто сината нè потсетува на вода и небо – еден вид симболи на слободата.
Кога да ја употребите?
Поради нејзиниот ефект, сината е одлична боја за релаксација. Можете да ја искористите за ѕидовите во вашиот дом, но кога ви треба малку мир, и сината чинија или шолја за кафе може да има позитивно влијание.
Зелена
Зелената е „боја на животот“ и се поврзува со рамнотежа, безбедност и стабилност.
Зелената може да биде и инспиративна боја, но и да ве „наполни“ со енергија.
Кога да ја употребите?
Неретко ја поврзуваме зелената боја со храна, па веројатно имате забележано дека ја користат многу продавници. Ова е одлична боја за во вашата кујна, но и неколку зелени растенија во домот ќе направат голема разлика.
Црна
Црната ни дава доза безбедност и заштита. Речиси секој мисли дека ништо не може да ја „пробие“ оваа боја, па многумина се чувствуваат удобно во црна облека. На некој начин, мислат дека оваа боја ги крие нивните несовршености.
Кога да ја употребите?
Црната облека може да ги скрие вашите несовршености, но и да ви даде доза мистерија. Па, секогаш кога сакате да оставите добар впечаток, нема да погрешите со црна облека.
Виолетова
Виолетовата е боја на духовната просветленост, а се смета и за омилената боја на членовите на кралските семејства. Поради ова, бојата е поврзувана со луксуз, но и со ментална рамнотежа и стабилност.
Кога да ја употребите?
Ако ви е потребна релаксација, слободно опкружете се со оваа боја. Во домот, пак, најдобро е да ја употребите за меки предмети, како ќебиња, прекривки, перници и лично.