Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Науката потврди - Човечкиот карактер целосно се менува со годините

Повеќето луѓе би сакале да заборават на некои одлуки што ги донеле во своите тинејџерски години - од изборот на модниот стил, па сѐ до првата симпатија. „Што мислев?“ е прашање што ќе им се наметне на многумина. 

naukata-potvrdi-chovechkiot-karakter-celosno-se-menuva-so-godinite-01.JPG

Научниците откриле дека времето не само што носи промени, туку навистина го менува и човечкиот карактер.

Еднаш интроверт, секогаш интроверт?

Дури и да сте биле доста повлечени како тинејџер, сепак постои шанса да станете вистински екстроверт на постара возраст.

Во истражувањето кое траело цели 63 години, Метју Харис и неговите колеги од Универзитетот во Единбург откриле дека луѓето имаат значително различен карактер за време на адолесценцијата и во староста.

Нивното истражување започнало во 1950 година со група од 1.209 14-годишни деца, кои биле следени во текот на животот. Истражувањето завршило во 2012-та, кога испитаниците имале 77 години. Па, што се случило во меѓувреме?

Многу, многу промени.

naukata-potvrdi-chovechkiot-karakter-celosno-se-menuva-so-godinite-02.JPG

Тинејџерите требало да ги оценат сопствените карактеристики, како самодоверба, стабилност на расположението, свесност, оригиналност, желба за учење...

Како постари луѓе, повторно ги одговарале истите прашања, а научниците откриле дека скоро и да нема поврзаност помеѓу тоа што порано биле и тоа што се денес. Станало јасно дека тие се како нова личност.

Полека стануваме други личности

Истражувањето сугерира дека колку е подолг временскиот интервал, толку е послаба врската помеѓу она што бевме и она што сме сега. Промените во личноста се резултат на многуте луѓе, искуства и настани од животот.

Но што точно се случува зад сето ова? Кој е главниот „виновник“ за овие промени?

naukata-potvrdi-chovechkiot-karakter-celosno-se-menuva-so-godinite-03.JPG

Темата е толку индивидуална што, едноставно, нема генерален одговор, објаснуваат научниците. Изгледа секој се менува според искуствата што ќе му ги приреди животот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg