Судбината во грчките митови - Верувате ли дека сѐ е предодредено?
Дали верувате во судбината? Во она што е предодредено да се случи и што треба да се случи?
Традицијата вели дека судбината е сила што ја одредува секоја секунда од нашите животи. Дури и античките Грци верувале во судбина - трите Наречиници (Клота, Лахеза и Атропа) биле еден вид нејзина персонификација.
Судбината кај Грците го претставува она што на човекот му било предодредено уште од раѓање. Неговите постапки можеби имале некакво влијание, но тој не може да избега од својата судбина.
Во некои митови, трите Наречници биле ќерки на Зевс и наводно, нивната одлука била крајна, па дури ни Зевс не можел да направи ништо. Постојат и митови според кои Наречниците се ќерки на други богови и според кои Зевс сепак можел да им наредува.
Клота ја преде нишката на животот на вретено, а Лахеза ја мери нишката и одредува колку долго ќе живее смртникот. Атропа, пак, одбира како ќе умре смртникот, и кога ќе дојде неговиот суден ден, ја сече неговата животна нишка.
Во уметничките дела, Наречниците неретко се прикажани како убави жени. Но, според пишаните извори, тие биле стари и грди.
Судењето на Наречниците е неизбежно, освен во случај на апотеза, односно кога смртникот ќе стане бог. Сепак, според митологијата, смртникот може да стане божество само доколку има предок кој бил бог.
Приказни за наречници или за судбината можат да се најдат во римската, јужнословенската и во речиси секоја митологија. Ова значи дека уште од дамнешни времиња, луѓето верувале дека нивниот живот е предодреден од самото раѓање.
Ова верување постои и денес и факт е дека може да биде од помош. Сепак, животот е многу поподнослив и многу е полесно да се прифатат неправдите ако се верува дека „така требало да биде“.
Дали вие верувате во субина?
Ашера | Црнобело