Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку повеќе пријатели - толку полош однос: Колку вистински пријатели можеме да имаме?

За колку пријатели можете да кажете дека ви се, како што честопати слушате, „вистински пријатели“? И, дали тие го мислат истото за вас? 

Kolku poveke prijateli imame tolku ni se polosi odnosite so niv 01

Едно неодамнешно истражување вели дека шансите да имаме „вистински пријател“ во животот се околу 50 проценти.

Резултатите на овие истражувања покажуваат дека луѓето обично се „лоши во проценувањето кој им е добар пријател“. Колку повеќе пријатели имате, толку е помала веројатноста некој од нив да ве смета за „најдобар пријател“.

Не можеме да имаме идеални односи со сите, тоа е јасно, но зошто се стремиме да имаме многу пријатели? Дали е тоа само потреба од емотивна врска?

Некои психолози веруваат дека со повеќе површни односи се заштитуваме, односно ја намалуваме можноста да бидеме повредени. Со други зборови - ако имаме пет пријатели, ќе бидеме помалку разочарани кога ќе изгубиме еден.

Сепак, имањето премногу пријатели може да предизвика спротивен ефект и да резултира со чувство на осаменост и вознемиреност.

Длабоките врски се важни за нашето здравје

Вистинските пријатели се корисни за нашето ментално здравје и ни помагаат да ги надминеме проблемите, трагедиите или да се справиме со лошото расположение. Оваа поддршка можеме да ја очекуваме само ако остваривме значаен однос со некого и ако даваме онолку колку што добиваме.

Едно истражување открило дека пријателството може да ја намали можноста за заболување од некои болести, како мозочен удар, што честопати се поврзува со вознемиреност и чувство на изолација.

Kolku poveke prijateli imame tolku ni se polosi odnosite so niv 02

Па, како да знаеме дали нашите пријателства се оние вистинските?

Постојат многу знаци што укажуваат на тоа:

- Се познавате долго време и имате многу заеднички спомени.

- Не мора да се мачите со љубезни разговори.

- Го познавате нивното семејство, како и приватните детали од нивниот живот (и ги чувате за себе).

- Им помагате без очекување дека ќе го сторат истото за вас.

- Си помагате едни на други да станете подобри луѓе.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg