Конфликти - Како да ги избегнете и како да се справите на вистинскиот начин?
Факт е дека конфликтите се неизбежен дел од животот, бидејќи сите понекогаш се расправаме со нашите пријатели, колеги и членови на семејството.
Затоа, прашањето не е како да се избегне кавгата, туку како да се реши на мирен начин. Во ова првенствено може да ни помогне читањето помеѓу редови, набљудувањето на туѓото однесување, како и повеќе слушање, а помалку зборување.
Според нивната основна дефиниција, конфликтите се судири помеѓу две или повеќе лица или групи. Велиме дека конфликтите се јавуваат кога перспективата за заеднички проблем или феномен не одговара со перспективата на другата личност.
Учесниците во конфликтот можат да имаат различни цели, намери или интереси. Така, во конфликтот секоја страна се обидува да ги постигне своите цели и затоа често (и погрешно) се верува дека конфликтот може да се реши единствено со тоа што едната страна ќе излезе како победник, а другата како губитник.
Тоа не е точно. Конфликтот може да биде конструктивен и корисен.
Важно е да ги идентификувате типовите гнев што доведуваат до конфликт, бидејќи тоа ќе ви олесни да го класифицирате својот „ривал“ во една од категориите.
Откако ќе знаете во која категорија припаѓа, пристапот до таа личност и изнаоѓањето решение ќе биде многу полесно:
Бихеjвиорална лутина
Лутината што се манифестира преку однесувањето е непредвидлива и, пред сè, се изразува директно и физички.
Како да им пристапите на овие луѓе?
Отфрлете ги егото и гордоста. Ова може да биде исклучително тешко, но нема да постигнете ништо ако им пристапите со негативност. Наместо тоа, обидете се да пронајдете начин да ја смирите таквата личност.
Еден погрешен збор може да ја влоши ситуацијата, такашто е важно да не се обвинува никој.
Вербален гнев
Овој вид лутина е форма на емоционална и психолошка злоупотреба, со која личноста користи несоодветни зборови за да ја постигне својата цел. Гневот овде се изразува со викање, навреди, закани, сарказам и критика.
Како да им пристапите на овие луѓе?
Целта на лицата кои користат вербална агресија е да го повредат својот противник, што значи дека таквите лица зборуваат единствено за да нанесат болка. Затоа е важно да се запамети дека зборовите не можат да ве повредат, освен ако не им придавате значење.
Асертивен гнев
Ова е најконструктивниот и најздравиот начин за справување со гневот, затоа што примарната цел е комуникација и искажување на чувствата. На крајот, ова доведува до позитивен исход. Таквите луѓе, пред сè, зборуваат мирно и разумно за своите проблеми со другите и се целосно објективни.
Како да им пристапите на овие луѓе?
Овие луѓе немаат намера да ве повредат со постапки или зборови, туку разумно сакаат да го решат конфликтот. Затоа е исклучително важно да ги слушате и да разберете како се чувствуваат.
Пасивна агресија
Пасивно-агресивната личност избегнува конфликт и ги потиснува емоциите и гневот. Наместо тоа, ја изразува целата негативност преку суптилни активности, наместо да се фокусира на директно решение на проблемот.
Како да им пристапите на овие луѓе?
Бидејќи пасивно-агресивните луѓе не ги искажуваат своите негативни чувства, вие сте тие што мора да им се спротивставите. Конструктивно наведете ги проблемите и погрижете се таа личност да разбере како се чувствувате.
Можеби на тој начин ќе им биде полесно да се отворат и да зборуваат за нивните чувства.
Ашера | Црнобело