Гласање, контрацепција, панталони - Обични работи што им биле забранети на жените пред 100 години
Станување дел од поротата
На жените не им било дозволено да бидат дел од судската порота.
Се сметало дека се премногу нежни и сочувствителни за да учествуваат во таков сериозен настан.
Пристап до контрацепција
Долго време жените немале право да одлучуваат за своето тело, па не смееле да користат ни контрацепција.
Дури во 20-тиот век жените од некои држави почнале да добиваат право да користат контрацепција.
Поседување пасош
Бидејќи било неприфатливо жена во брак да патува без придружба на сопругот, жените имале еден вид заеднички пасоши со нивните мажи.
Иако, наводно, доколку жената сакала да патува сама би требало да извади личен пасош, досега не се најдени вакви апликации пред Првата светска војна.
Одење на работа за време на бременост
Половата дискриминација им била секојдневие на жените од минатото.
Ова можеби најдобро се гледа преку дискриминацијата со која се соочувале бремените жени.
Ако жената била бремена, работодавецот го имал секое право да не ја прими на работа или да ја отпушти.
Адвокатска кариера
Со текот на времето жените добиле право да се образуваат. Нo, ако завршеле правo, не значи дека добивале навистина право да работат како адвокати, веројатно поради истата причина што не смееле да бидат дел од судската порота.
Спирова С. | Црнобело