Илустрации кои ќе ви ја покажат тажната страна на животот и ќе ви го стоплат срцето

Болката кога си осамен и немаш никој покрај тебе или кога сопругата веќе не памти, но нејзиниот сакан е тука да ја потсети на сите убави моменти – тажната страна од животот прикажана низ илустрации кои нема да ве остават рамнодушни.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-01.jpg

Она што некогаш не може да се искаже со зборови, може да се прикаже на слика, а уште подобро кога сликата е надополнета со зборови и совршено ја прикажува ситуацијата.

„A Mouthful of Silence“ е компилација од емотивни илустрации кои со сигурност ќе допрат до сечие срце, а ги прикажуваат тажните моменти од животот.

Време е да научиме дека животот е краток и треба да го живееме во целост. Не вреди да се троши залудно, а илустрациите во продолжение ќе ве потсетат на тоа.

Емотивни илустрации кои може да ве натераат и да пуштите по некоја солза, но и ќе ви ги отворат очите:

Се надевам дека еден ден, пред времето да помине, некој ќе се сети на мојот роденден. Не сакам торта, само сакам среќна песна, каде сите се благодарни за моето постоење.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-02.jpg

 

За последен пат ме праша – Ќе бидеш ли добро кога нема да бидам веќе тука за да си играм со тебе? Срцето ми се стегна од болка и реков – Да. Најболната лага што некогаш ја кажав.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-04.jpg

 

Деновите поминаа толку брзо и беше прекрасно. А, ти си уште прекрасна како што те паметам.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-03.jpg

 

Во чест на нашата татковина. За нашите деца и за подобри денови. Ќе го дадам животот.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-15.jpg

 

Синоќа, шетавме фатени за рака. Ти рече дека те правам среќна. Твоите зборови ми оставија среќен сјај на лицето. Потоа се разбудив. Тоа беше најдобриот сон што сум го имал.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-14.jpg

 

Таа поврзаност што ја имаме со некои луѓе. Останува посебна до самиот крај.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-12.jpg

 

Само сакам да испеам една последна песна за тебе. Да ти ја донесам мелодијата таму горе. Колку храбра борба мамо. Сега можеш да почиваш.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-11.jpg

 

Сине, ако не стигнав на твојот роденден, те молам сети се дека твоето раѓање беше најдобриот ден од мојот живот. Продолжи да ме воодушевуваш секој ден. Јас ќе те гледам од горе, мој храбар војнику.

ilustracii-koi-kje-vi-ja-pokazhat-tazhnata-strana-na-zhivotot-i-kje-vi-go-stoplat-srceto-10.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 работи кои ако сте ги постигнале во животот - значи дека сте успеале Ако можете самоуверено да кажете „не“ во ситуации кога тоа е потребно, сте совла...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg