10 причини зошто некои луѓе го мразат Денот на вљубените
Со текот на времето, 14-ти февруари стана ден исполнет со чоколатца, букети цвеќе и по малку љубов.
Но многу луѓе, можеби и вие, сметаат дека се претерува со Денот на вљубените и воопшто не го сакаат како празник (кој всушност не е ниту наш).
Па, која е причината за ова?
Покачување на цените
Денот на вљубените дефинитивно им е омилен на продавниците. Ова е одличен момент да ги покачат цените на продуктите, бидејќи сигурно ќе ги продадат.
Покрај оние кои ги покачуваат цените, има и такви кои даваат попусти, па со тоа ги привлекуваат оние кои го чувствуваат притисокот дека мораат да ѝ купат нешто на саканата личност.
Знаевте ли дека според податоците, во 2018-та Американците потрошиле дури 19 милијарди долари на Денот на вљубените?
Лудило на социјалните мрежи
Кога ќе отворите Facebook, Instagram или која било социјална мрежа на Денот на вљубените, речиси сите објави се поврзани со празникот.
Луѓето си честитаат со сакани, а сите објавуваат фотки од романтичните вечери и подароците што ги добиле.
Ретко кој сака цел ден да гледа фотографии од букети и да чита туѓи љубовни пораки како да се обземени од нешто.
Тешко е да се најде совршениот подарок
Денес изгледа невозможно да го одберете совршениот подарок за саканата личност. Продавниците нудат секакви продукти, кој од кој поинтересен, па лесно е да се „изгубите“ во нив.
Покрај тоа, купувањето подарок значи и трошење пари, а многумина се обидуваат да ја докажат својата љубов со скап подарок, па притисокот е голем дали ќе го задоволат партнерот.
Смешно е да ја славите љубовта само еден ден во годината
Ако сте навистина вљубени, не ви е потребен 14-ти февруари за да му го покажете тоа на партнерот.
Веројатно се сакате и во другите денови од годината, а доколку сте во сериозна врска, не треба да си покажувате внимание само на Денот на вљубените.
Невозможно е да најдете термин во салон за убавина
Поради некоја причина, и салоните за убавина се преполни во периодот околу Денот на вљубените, за да бидат средени, стокмени, со тематски нокти и слично.