Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледа животот на жените кои се во брак со повеќе од еден маж?

Раџо Верма е сопруга на пет браќа. Нејзиното огромно семејство живее во градот Дерадун во северна Индија. Раџо има и син, но никој не знае кој од браќата е неговиот биолошки татко.

kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-koi-imaat-nekolku-sopruzi-01.jpg

Овој вид полигамија постои и денес и според некои истражувања, постојат околу 50 заедници во Непал, Тибет, Кина и Индија кои сѐ уште го практикуваат.

Па како изгледа животот во полиандрија, односно семејство со една жена и неколку сопрузи?

Кој е глава на семејството?

Сигурно досега имате слушнато за полигамија, брачна врска на една личност со повеќе сопрузи или сопруги. Во случај кога жената има повеќе сопрузи, станува збор за полиандрија.

Во овие случаи можеби најинтересно е што, најчесто, сопрузите на жената се браќа. Најстариот брат е и глава на семејството и тој ја одбира сопругата за него и за браќата.

Тој има и друга опција – да земе втора, па дури и трета жена.

Истовремено, најстариот брат се смета за татко на сите деца во семејството, без разлика кој ги зачнал. Децата им се обраќаат на другите мажи со „чичко“, дури и ако им се биолошки татковци.

kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-koi-imaat-nekolku-sopruzi-02.jpg

Од каде потекнува полиандријата?

Никој не знае со сигурност од каде потекнува полиандријата.

Научниците сметаат дека најверојатно нејзината појава е поради економски причини. Односно, со создавање едно семејство, браќата не мора да ја делат земјата што ја наследиле од родителите.

Ова било одлично за луѓето кои живееле во Тибет или на Хималаите, бидејќи земјиштето им е од голема важност. Во Индија, пак, ова било одлично решение за оние кои страдале од пренаселеност.

kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-koi-imaat-nekolku-sopruzi-03.jpg

Дали е легално?

Иако некои луѓе одбираат ваков на чин на живот, полигамните бракови не се легализирани насекаде ширум светот.

Истовремено, на некои места, како руралните средини на Тибет, тие поминуваат неказнето.

kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-koi-imaat-nekolku-sopruzi-04.jpg

Семејство

Полиандријата постои со векови. Ова значи дека родителите, дедовците и пра-дедовците на овие луѓе живееле на истиот начин.

Жената најчесто има 2 до 5 сопрузи и сите треба да имаат барем 18 години. Ако во семејството има браќа помали од 18 години, штом ќе станат полнолетни, и тие ќе се венчаат со истата жена.

Овие луѓе се далеку од богати и, најчесто, целото семејство живее во една соба.

Кога мажите одат на работа, жената готви, чисти и се грижи за децата.

kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-koi-imaat-nekolku-sopruzi-05.jpg

Заедници и соседства

Овие семејства најчесто живеат во заедници со 15-тина соседи. Често комуницираат и секогаш си помагаат едни со други.

Сепак, секое семејство е независно, си поставува свои правила и има свој распоред.

Денес постојат и „нетрадиционални“ вакви семејства. На пример, жената одлучува да заработува пари, а мажите да се грижат за домот и децата.

kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-koi-imaat-nekolku-sopruzi-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg