Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поспособни сте отколку што мислите - четири работи што треба да ги знаете кога имате лош ден

Кога животот станува стресен, често забораваме на работи што треба да ги запомниме и се сеќаваме на работи што треба да ги заборавиме. Звучи познато? Секако, затоа што сите минуваме низ слични искуства. 

Vie ste mnogu posposobni otkolku sto mislite 01

Лошите денови се неизбежен дел од животот и во такви периоди ни треба доза дополнителна мотивација. 

На што да се потсетите на крајот од лошиот ден?

1. Во ред сте. Сега сте само малку посилни!

Имате лош ден? Добро е, добро сте. Само сте малку посилни од вчера. Ставете ја раката на срцето. Дали го чувствувате? Ова се нарекува „цел“. Денес сте тука со причина. Не се откажувајте, не дозволувајте еден темен облак да го покрие целото небо.

Сите грешиме. Сите некогаш правиме будала од себе. Им дозволивме на луѓето да нѐ користат и добивме многу помалку отколку што заслужуваме.

2. Вие сте многу поспособни отколку што мислите.

Постојат два вида болка во животот: болката што ве боли и болката од која растете. Но, кога учите од тешките искуства, болките се еднакви. Силата не се добива од она што можете да го направите. Истата произлегува од надминување на она што не можевте да го направите порано.

Тешките ситуации создаваат силни, успешни луѓе. Колку и да ве боли сега, мора да ја држите главата подигната и да направите уште еден чекор. Не го трошете времето жалејќи се. Работете напорно во тишина и дозволете му на вашиот успех да биде вашиот звук.

Vie ste mnogu posposobni otkolku sto mislite 02

3. Борбата е патот што води кон подобри денови

Да се сака животот значи да се верува во интуиција, да се ризикува, да се губи и наоѓа среќата, да се негуваат спомени и да се учи преку искуство. Тоа е долго патување.

Престанете да се сомневате во секој чекор на овој пат. Свесно живејте во моментот. Бидете отворени за искуства и лекции. Можеби нема да завршите таму каде што сте посакале, но сигурно ќе завршите точно таму каде што треба да бидете.

Vie ste mnogu posposobni otkolku sto mislite 03

4. Следниот чекор секогаш се исплатува.

Не плашете се повторно да застанете на нозе - да се обидете повторно, повторно да сакате, да живеете и повторно да сонувате. Не дозволувајте тешките лекции да ви го скаменат срцето. Најдобрите животни лекции честопати се учат после најтешките периоди и после најлошите грешки.

Ќе има моменти кога сè што може да тргне наопаку ќе тргне наопаку. Кога ќе сакате да се откажете, запомнете дека понекогаш работите треба да станат полоши пред да станат подобри.

Да, животот е тежок, но вие сте посилни. Најдете сила да се смеете секој ден. Живејте едноставно, сакајте великодушно, кажувајте ја вистината, работете напорно, и дури и ако направите грешка, продолжете понатаму.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg