Не можам да се променам, уште 5 минути да поспијам – Лаги по кои не смее да се водите во животот
Она во што верувате и во што не верувате е неразделно поврзано. Понекогаш е многу полесно да се погледнат работите во кои дефинитивно не сакате да верувате, за да го пронајдете она во што сакате да верувате.
Во никој случај не треба да верувате во следните тринаесет лаги, бидејќи истите ве ограничуваат во вашиот секојдневен живот и напредок.
1. Уште 5 минути спиење ќе ми помогнат
Копчето за поместување на алармот делува како добра идеја кога спиете, но ќе имате повеќе корист ако легнувате порано, наместо постојано да го поместувате алармот.
Всушност, истражувањата покажуваат дека користењето на тоа копче прави повеќе „штета“ отколку добро.
2. Потребно е ми е _____ да бидам среќен
Единствениот збор што се вклопува во празноto поле е „задоволство“. Идејата дека ви треба нешто друго не е вистина.
3. Сите [тип на личност] се [атрибут]
Не само што стереотипите ги навредуваат другите, туку и не прават ништо добро за оние што „веруваат“ во нив. Ако, на пример, претпоставите дека сите мажи се „лоши“, затоа што познавате неколку лоши мажи, ќе ја пропуштите можноста да запознаете добри мажи.
4. Јас сум подобар или полош од другите
Можете да ги сортирате луѓето според тежината, висината, приходот, расата, омилениот спортски тим, но сите сме човечки суштества; сите сме важни и вредни. Имаме различни атрибути, вештини и способности, и никој не треба да нé дефинира, ниту пак самите да се споредуваме.
5. Не можам да се променам
Промените се можни ако се обидете да ги направите на вистински начин. Повеќето луѓе се обидуваат да променат сè одеднаш, и тоа не функционира. Промените треба да се направат методично: потребно е време за да се процесираат и прифатат.
6. Обидувањето е залудно
Обидувањето е сè! Ако не се обидувате, тогаш што правите? Ако не се обидете, нема ни да знаете!
7. Светот е против мене
Општо земено, светот не е ниту против вас, ниту на вашата страна. Запомнете дека вие го учите светот како да ве третира.
8. Премногу сум млад или стар за да променам нешто
Ако знаеме нешто од историјата, тоа е дека истата ја обликувале луѓе од сите возрасти. Не ја користете возраста како изговор. Користете ја како дополнителна мотивација.
9. Ако не сум мотивиран, не можам да дејствувам
Мотивацијата не му претходи на дејствувањето - мотивацијата ги придружува делата. Откако ќе завршат работите, ќе бидете мотивирани да продолжите напред.
10. Луѓето не ме сакаат
Можеби е точно дека некои луѓе не ве сакаат, но на светот има над седум милијарди луѓе. Најдете ги своите луѓе.
11. Не сум доволно талентиран
Талентот не е толку важен како вежбањето. Природниот талент помага, но тоа не е главен фактор за пробив или прекин.
12. Јас сум жртва
Апсолутно неточно. Можеби сте биле во одреден момент од животот, но секогаш имајте на ум дека жртвите не се во можност да создаваат свој пат. Без разлика што ви се случило во животот, можете да започнете да ја креирате вашата нова патека.
13. Моите соништа се мртви
Соништата живеат сè додека вие живеете.
Ашера | Црнобело