Сонувавте бебе? - 22 сценарија и толкувања на вашите соништа
Предвремено родено бебе:
Можеби ќе доживеете нови и ненадејни проблеми без никакво предупредување, кои во зависност од вашите потези, на крајот можат да ви донесат навистина голема среќа.
Послушајте го вашиот инстинкт.
Бебе кое оди:
Одеднаш ќе доживеете голема независност од вашата моментална состојба.
Бидете подготвени сами да направите големи чекори. Покажете ја вашата храбра и авантуристичка страна.
Расплакано бебе:
Ви недостасува вниманието кое го барате.
Ова може да се однесува на повеќе работи, како на пример љубовната врска или вашата состојба на професионално поле.
Дали можеби ве земаат „здраво за готово“? Дали вашите напори на работа се игнорираат?
Друго значење зад расплаканото бебе е вашиот неизреализиран потенцијал.
Бебето е насочено кон вас, укорувајќи ве дека недоволно ги искористувате вашите таленти.
Злобно бебе:
Ако во сонот видите злобно бебе, всушност тоа ја претставува вашата потисната лутина и темната страна на вашиот карактер, која не сакате другите луѓе да ја видат.
Работете на решавање на вашето внатрешно чувство и на конструктивен начин, правилно изнесете го бесот.
Многу мало бебе:
Да сонувате многу мало бебе значи дека се плашите од она што иднината го „подготвува“ за вас.
Ако сте го изгубиле бебето:
Ако сонувавте дека сте го изгубиле сопственото бебе, ова е поврзано со вашиот сопствен страв како родител, без разлика на тоа дали во моментот имате деца.
Можеби се чувствувате презаситени од одговорноста да станете нов родител.
Ако некоја ваша блиска личност го изгуби бебето, се плашите да изгубите нешто многу важно во вашиот живот.
Ако заборавите дека имате бебе:
Овој сон е показател дека премногу се обидувате да ги сокриете своите слабости од другите, или пак дека не сакате вашите блиски луѓе да ги знаат вашите најдлабоки тајни.
Бебе кое спие:
Среќни сте и задоволни од вашиот реален живот. Вашите цели се постигнати.
Бебе кое се дави:
Овој сон може да биде навистина вознемирувачки. Всушност, значењето зад него е чувството на презаситеност од работата.
Разговарајте со вашите претпоставени или променете ја вашата работна позиција.
Ако држите бебе:
Конечно сте подготвени да преземете одговорност за некоја работа којашто одамна сте ја одолговлекувале.
Ако вие сте бебе:
Овој сон означува желба да се вратите во „ерата на невиност“, каде сè било лесно и едноставно или пак потиснување на некој настан од вашето минато.
Мила М. | Црнобело