Забавни интерактивни видеа
Интерактивноста на YouTube е се попопуларна и видеата кои се поставуваат стануваат одлична реклама која како вирус се шири низ корисниците.
Креирањето на видеа го прифатија и голем дел амбициозни поединци кои полека си создаваат препознатливо име на интернет.
Ова се 5 интересни клипчиња во кои може да земете учество:
1. Зомби и пица. Во рекламата за новозеландскиот ланец пицерии "Hell Pizzas" девојка е прогонувана од зомбија кои нарачуваа пица, а корисникот помага на возачот успешно да ја направи нарачката. Дали можете успешно да ги поминете сите препреки на патот до гладната девојка?
2. Кој сака да биде YouTube – милијардер? Освојте замислени пари во играта направена според популарниот телевизиски квиз. Ако не го знаете точниот одговор може да се послужите со џокер.
3. YouTube Radio. Одберете го вашиот омилен музички жанр и одморете се барем неколку минути со YouTube Radio.
4. Мечка и ловец. Во креативната реклама на TippEx, фирмата која произведува коректори, може сами да одлучите што ќе се случи меѓу мечката и ловецот. Во насловот наместо зборот "shoots" одберете било кој друг поим, од 'eats', па се до 'freezes', 'tickels' и 'fucks' и погледнете што ќе се случи.
5. Џокер и Бетмен. Се натпреваруваат во брејк денс. Кој е подобар танчер? Вие одлучувате.