Грешки во говорот на телото кои не ви помагаат во животот – од кои навики да се откажете?
Премногу или премалку контакт со очите
Избегнувањето на погледот на соговорникот покажува ниска самодоверба или негативни чувства кон личноста.
Истовремено, ако воопшто не го гледате соговорникот во очи, можете да изгледате како недоверлива личност.
Од друга страна, постојаното „зјапање“ во соговорникот може да изгледа како агресивен гест.
Мечтаење
Мечтаењето додека некој зборува воопшто не е учтиво. Проблемот е што луѓето не ни забележуваат дека го прават ова.
Дури и ако го слушате соговорникот, немојте да гледате напразно во ѕидот. И во овој случај ќе изгледате незаинтересирано.
Обидете се да му покажете на соговорникот дека сте заинтересирани за она што го зборува.
Превртување на очите
Превртувањето на очите е најјасниот знак за непочитување.
Можеби ова е безопасен гест во невербалната комуникација со блиските, но ако му ги превртите очите, на пример, на вашиот шеф, сигурно ќе го навредите.
Заборавање на насмевката
Насмевката е нешто што лесно можете да го заборавите, особено ако правите сериозен разговор.
Но, насмевката е одличен начин да ја покажете вашата самодоверба и вашата отвореност. Покрај тоа, кога ќе се насмевнете, најверојатно и соговорникот ќе го направи истото, па целата атмосфера ќе стане попријатна.
Меѓутоа, немојте да се насмевнувате „со сила“ или премногу бидејќи може да изгледате недоверливо.
Седење/стоење премногу мирно
Ако не правите никакво движење додека разговарате со некој, соговорникот може да помисли дека не сакате да зборувате или слушате. „Здрвеноста“ дефинитивно ќе направи соговорникот да се чувствува непријатно.
Затоа, обидете се да покажете ентузијазам со изразите на лицето. Можете и суптилно да ги копирате движењата на соговорникот – со ова сигурно ќе оставите добар впечаток.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





