Грешки во говорот на телото кои не ви помагаат во животот – од кои навики да се откажете?
Не сме секогаш свесни за движењата што ги правиме со рацете и нозете. Уште поретко сме свесни за изразите на лицето.
Но, овие навидум ситни детали можат да бидат од голема важност. Говорот на телото може да открие бројни работи за вашиот карактер и вашите чувства, па добро би било да имате поголема контрола.
Во продолжение погледнете кои се движењата и гестикулациите што би требало да ги заборавите:
Навалување
Држењето на телото открива многу за самодовербата. Односно, ако постојано се навалувате кон напред и седите „стуткано“, сигурно ќе изгледате несигурно.
Ако не обрнувате внимание на ова, навалувањето ќе ви стане навика и ќе го правите дури и кога не се чувствувате несигурно. Но, сите околу вас ќе мислат дека имате проблеми со самодовербата.
Прекрстување на рацете и нозете
Многу луѓе имаат навика да ги прекрстуваат рацете и нозете. Но, ова изгледа како да заземате одбранбен став.
Истовремено, ова движење може да даде знак дека не сте заинтересирани за разговорот или дека не се чувствувате удобно со соговорникот.
Израз на загриженост
Без разлика дали постојано го правите овој израз или само во одредени моменти, најдобро е да го заборавите.
Овде спаѓаат и гестикулации како допирање на косата и прстите и постојано проверување на часовникот.
Ова однесување може да испрати знак дека не сте заинтересирани.
Допирање и триење на вратот
Обично луѓето го допираат или тријат нивниот врат кога се под стрес. Но, со текот на времето може да стане навика.
Во тој случај, во очите на другите постојано ќе изгледате нервозно и под стрес.
Гризење нокти
Гризењето нокти е уште една навика што ја истакнува нервозата. Можеби гризењето нокти за некои делува смирувачко, но од тоа немате никаква корист.
Со оваа навика можете да му го одвлечете вниманието на соговорникот, па дури и да изгледате одбивно.
За крај, ова е навика што ви ги уништува и ноктите, но и забите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





