30 мудрости за жените во нивните триесетти години
Многу жени во своите триесетти години сè уште се чувствуваат како девојки, но она што се толерира кај девојките на дваесетгодишна возраст, во триесеттите тешко поминува.
Во триесеттите ве очекуваат многу животни промени, па сигурно ќе ви се најдат овие мудри совети:
1. Најголема грешка е кога ќе сфатите дека грешите, а не правите ништо да го промените тоа.
2. Почекајте најмалку две недели по раскинувањето на врската, а потоа закажете шишање кај фризерот.
3. Доколку некој ве исцрпува треба да му го кажете тоа во лице.
4. Дури и најголемото намалување на тежината нема да ви помогне да изгледате добро во погрешната облеката.
5. Неговите шеги се ценат повеќе од неговите кулинарски вештини.
6. Мажите со кои можете да имате добра врска се кријат во пријателската зона. Затоа, отворете ги очите.
7. Црната боја ќе направи да изгледате послабо многу повеќе од диетата со овошје.
8. Ретро модата доаѓа предвид само ако не сте ја носеле во периодот кога станала популарна.
9. Најдобрите пријатели пронајдете ги меѓу блиските луѓе.
10. Најдобриот секс е безбедниот секс.
11. Кога луѓето ќе ви ги откријат своите недостатоци ќе можете да им верувате.
12. Ако неговата профилна фотографија изгледа како да е направена во 80-те, најверојатно е направена тогаш.
13. Не прашувајте дали сте дебели ако не можете да го поднесете искрениот одговор.
14. Разговорот за работата е мигот кога вашата скромност нема да ви биде од корист.
15. Жената која зборува најмалку, знае најмногу.