Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Активности кои имаат моќ да го зголемат вашето IQ

Сите, доколку сакаат, можат да го зголемат своето ниво на интелигенција во текот на животот. Само, треба да прават неколку не многу едноставни работи.

aktivnosti-koi-imaat-mokj-da-go-zgolemat-vasheto-iq-01.jpg

Нивото на интелигенција не е нешто што е наследно, туку целосно зависи од вас.

Во текот на вашиот живот тоа може да се зголеми или, пак, да се намали, зависно од вашите навики и рутини кои ги практикувате секојдневно.

Па, кои активности го зголемуваат вашиот коефициент на интелигенција?

Научете да свирите некој инструмент

Свирењето на еден инструмент е како кардио за вашиот мозок. Неговото учење и неговото континуирано свирење има трајно влијание врз вашите математички вештини.

Затоа, многу често големите бизнисмени ширум светот бараат од нивните деца да научат да свират барем еден инструмент, сакале тие или не.

aktivnosti-koi-imaat-mokj-da-go-zgolemat-vasheto-iq-02.jpg

Научете некој нов јазик

Кога учиме некоја нова граматика на нов јазик или, пак, нови зборови и нови правила, тоа доведува до зголемување на хипокампусот.

Со други зборови, учењето на нов јазик може да ви помогне при преговарање, дебатирање и решавање на проблеми.

aktivnosti-koi-imaat-mokj-da-go-zgolemat-vasheto-iq-03.jpg

Играјте шах

Играњето шах ги развива вашите вештини за решавање на проблеми и ја подобрува вашата концентрација.

Можеме да претпоставиме дека во минатите векови шахот бил игран само од страна на аристократијата и кралските фамилии, затоа што тие се сметале за наједуцирани и најпаметни луѓе во тоа време.

aktivnosti-koi-imaat-mokj-da-go-zgolemat-vasheto-iq-04.jpg

Почнете да медитирате

Многу истражувања и анкети имаат докажано дека медитацијата не само што ви го подобрува расположението, туку ја подобрува работата на мозокот и интелигенцијата.

Ако замените 15 минути изгубгени на Инстаграм на ден со 15 минути медитација, нема да изгубите буквално ништо во животот. Можете само да добиете.

aktivnosti-koi-imaat-mokj-da-go-zgolemat-vasheto-iq-05.jpg

И вежбањето е многу важен фактор

Физичкото вежбање е многу добро кога станува збор за вашиот мозок.

Едно шведско истражување има покажано дека кардиоваскуларната кондиција всушност може да ја подобри вашата вербална интелигенција за 50%.

aktivnosti-koi-imaat-mokj-da-go-zgolemat-vasheto-iq-06.jpg

Спијте доволно

Колку и да звучи клише, според науката секој час помалку од препорачаните осум часа сон може драстично да влијае врз вашето ниво на интелигенција.

Редовното губење на часови сон во текот на животот може да предизвика некој со просечен коефициент на интелигенција да стане потпросечен.

aktivnosti-koi-imaat-mokj-da-go-zgolemat-vasheto-iq-07.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg