Видео игри, солариум и секс - Најбизарните зависности што навистина постојат
Зависност од видео игри
Видео игрите се обвинувани за многу нешта, но додека повеќето обвиненија не се засновани, зависноста од видео игри сепак постои.
Всушност, во некои држави зависноста од игри е толку голем проблем, што постојат посебни центри за рехабилитација.
Оваа зависност е опишана како опсесивно-компулсивна активност и настанува кога игрите и виртуелниот живот стануваат поинтересни од реалноста.
За срамежливите деца кои се малтретирани од своите врсници лесно е да се изгубат во виртуелниот свет, бидејќи им нуди лесен „излез“. Но, со текот на времето, зависноста ќе почне да влијае врз нивниот социјален живот, успех и слично.
Зависност од секс
Зависноста од секс не значи дека личноста постојано има секс. Понекогаш, зависноста се карактеризира со постојани сексуални мисли или постојано гледање порнографски филмови.
Кога личноста станува опседната со секс, тоа се одразува на нејзините врски со другите но и сите аспекти од нејзиниот живот.
Денес постојат и програми за зависници од секс кои наликуваат на оние за одвикнување од алкохол.
Цицање на палецот
Оваа појава е честа кај бебињата, но што ако навиката остане и подоцна во животот?
Цицањето на палецот е како утеха за бебињата, па кога некој се чувствува анксиозно или иритирано, може да ѝ се врати на оваа навика.
Некои луѓе велат дека цицањето на палецот всушност ги смирува.
Зависност од храна
Зависноста од храна е малку неистражена област. Сепак, некои истражувања покажале дека одредени хемикалии што се наоѓаат во некои продукти можат да имаат исто влијание врз мозокот како никотинот или алкохолот.
Зависноста од храна не значи желба да изедете многу, туку нездрава желба за точно одредена храна што прави да се чувствувате добро.
Зависноста настанува кога личноста повеќе не може да контролира колку ќе изедe, кога храната ѝ ги попречува сите активности и кога недостатокот од таа храна ѝ предизвикува анксиозност или депресија.
Спирова С. | Црнобело