Видео игри, солариум и секс - Најбизарните зависности што навистина постојат
Сите имаме слушнато за луѓе кои се зависни од јадење чудни работи како, на пример, земја.
Ова е зависност што би зачудила секого, но изгледа дека не е единствената.
Всушност, необичните зависности се толку чести, што можеби дури и познавате личност која се справува со нешто такво.
Во продолжение погледнете ги најбизарните зависности што навистина постојат:
Чепкање на кожата
Секој од нас си ја допира кожата на лицето или на дланките, но некои луѓе одат до екстреми.
Оние кои се зависни од чепкање на кожата неретко си прават рани и трајна штета на кожата и нервните завршетоци.
Најчесто зависноста ја тера личноста да отстранува нешто од кожата што ѝ изгледа како дамка. Во екстремните случаи, луѓето можат да си создадат и проблеми со социјализација бидејќи си прават отворени рани.
Зависност од солариум
Речиси сите сакаме да се сончаме во лето, но некои луѓе се зависни од темниот тен. Неретко, луѓето кои одат во солариум 1-2 пати неделно покажуваат знаци на зависност. Проблемот е што посетата на солариумот не е поради некој стандард за убавина.
Наводно, УВ зраците од солариумот го зголемуваат чувството на среќа и задоволство, па оттаму желбата за потемнување, односно одење во солариум.
Иако УВ зраците се поврзуваат со зголемен ризик од рак на кожата, токму тие ни го подобруваат расположението во лето.
Зависност од диети
Постојаното држење диети може да ви предизвика сериозен проблем – зависност од диети.
Здравата диета резултира со побавно и постепено слабеење. Ова значи дека краткотрајните диети не се ефикасни, а изгледа можат да предизвикаат и зависност.
Држењето диета може да предизвика хемиска промена во телото што ќе ја натера личноста да ја држи диетата подолго од потребното. Ова, се разбира, ќе води до нездраво слабеење.
Социјалниот притисок за слабо тело речиси сигурно има влијание врз оваа зависност.