Трикови со кои ќе трошите помалку и конечно ќе заштедите некој денар

Размислете

Ако слушнете дека во некоја продавница има тотална распродажба, веднаш помислувате дека мора да ја искористите. Но, веројатно ќе зажалите.

Што да правите?

- Справете се со искушението. Ако сакате да купите нешто, размислете 24 часа за тоа. Ако станува збор за нешто поскапо, размислете 3 дена.

- Искористете ги овие денови за да разгледате рецензии за продуктот, да ги споредите цените и слично.

- Пресметајте колку време ви било потребно да ги заработите парите за она што сакате да го купите. Понекогаш ова е доволно за да се спасите од импулсивното купувате.

- Проверете дали во домот имате некој сличен продукт. Во тој случај, нема потреба да купувате уште еден.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-07.jpg

Наместо да купувате, живејте си го животот

Секоја жена знае дека шопингот е лек за тага. Но, овој лек трае најмногу половина час.

Што да правите

- Купувајте ги работите само кога ви се потребни и не одете во продавница кога нема потреба од тоа.

- Внимателно испланирајте го купувањето. Без разлика дали купувате облека или храна, размислете што точно ви треба.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-08.jpg

Тргајте пари настрана

Одредете неделен буџет за трошоци. Ако на крајот од неделата ви останат пари од буџетот, постои ризик да ги потрошите на нешто непотребно.

Што да правите?

- Инвестирајте во вашата иднина. Ако ви останат пари од неделниот буџет, тргнете ги настрана. Ако некој ви вратил долг, не ги трошете парите. Поделете ги на два дела, а вториот дел зачувајте го.

- Собирајте ги и прегледувајте ги сметките од продавниците. Одредете на што сте потрошиле повеќе од потребното.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-09.jpg

Штедете пари за една цел

Веројатно и вие имате многу цели и сакате да штедите за сите. Но на овој начин нема да направите ништо.

Што да правите?

- Одредете која цел ви е најважна. Не е важно колку е мала, важно е да се држите до неа.

- Не се откажувајте откако ќе ја постигнете целта. Ако сте успеале да заштедите за летниот одмор, веднаш почнете со штедење за нешто друго.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-10.jpg

Фокусирајте се на причината за штедење, а не начинот

Ако денес сте јаделе нешто поскромно и не ви се допаѓало, веројатно утре ќе дадете повеќе пари за побогат оброк. И ова е непотребно трошење.

Што да правите?

- Почесто размислувајте за што штедите. Докажано е дека луѓето полесно штедат ако често се присетуваат на причината за штедење.

- Присетувајте се на целта, но не престанувајте да живеете. Понекогаш е нормално да потрошите повеќе од планираното за малку забава.

- Планирајте однапред. Сигурно сте забележале дека во лето зимската гардероба е поевтина и обратно. Па, искористете го ова и заштедете.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-11.jpg

Проверете ја заштедата

Неретко луѓето се фокусираат само на тоа колку се оддалечени од целта. Забораваат да земат предвид колку ѝ се доближиле.

Што да правите?

- Барем еднаш месечно проверувајте ја состојбата на заштедата. Ова ќе ви даде поттик да продолжите.

- Не заборавајте да се наградите за успехот. Ако сте заштедиле значајна сума пари, слободно почастете се со некоја ситница.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg