Што е тоа мантра и 5 мантри кои ќе ви го направат животот поубав

Што правите кога сте под стрес? Кога сте загрижени за некоја презентација што треба да ја претставите на стотина луѓе? Што се случува кога се случуваат лоши работи или кога ќе направите грешка? 

Ovie mantri ke vi go napravat zivotot poubav 01

Секој се справува со овие ситуации на свој начин, а еден од нив е мантра. Технички, секој има некоја мантра, само не се сите свесни за истата. Многумина од нас ги слушаат овие фрази во главите толку често што почнуваат да веруваат во нив.

Зошто да не ги замениме лошите мисли со фрази што можат да ни помогнат да бидеме сигурни и да го извлечеме најдоброто од нашиот живот и нашата сегашна состојба?

Што се мантри?

Терминот "мантра" е антички санскритски термин, користен во хиндуизмот и будизмот, како термин што се повторува неколку пати во медитација. Невролошки, мантрата може да го намали стресот и да го смири умот, бидејќи ослободува ендорфин и го блокира хормонот на стрес.

Освен физичките придобивки, мантрата помага и во попозитивен начин на размислување. Мантрите можат да се користат и како фокус за медитација. Целта е да ја пронајдете мантрата со која ќе се поврзете.

„Ти си сам на себе доволен“

Ова е потсетник што сите би можеле да го користиме сега и секогаш. Во човечка природа е да мисли дека може да биде подобар, или дека секогаш има некој подобар од него. Ова е она што нè поттикнува да бидеме подобри.

Но понекогаш истото станува недостаток на почит кон она што сме сега, предизвикувајќи неизвесност и самосомневање. Користете ја оваа мантра кога сте загрижени, кога се борите со неизвесност и кога запознавате нови луѓе.

„Отворен сум за сé добро“

Кога го барате доброто, нема да забележите многу лоши работи. Проблемите со кои се соочувате во секојдневниот живот, како што се доцнење на автобусите или бавен интернет, нема да изгледаат толку ужасни.

Користете ја оваа мантра кога ви треба дополнителен поттик и оптимизам.

Ovie mantri ke vi go napravat zivotot poubav 02

„Денес е ден за уживање“

Користете ја оваа мантра кога ќе забележите дека поминувате низ некои работи механички, наместо да живеете и да ги чувствувате. Ценете ги малите работи што навистина ве прават среќни - нова свеќа, топла бања, букет цвеќиња...

„Престани да ги обвинуваш другите“

Сетете се на моментите кога се чувствувате нервозно, тажно или луто. Користете ја оваа мантра кога ќе се најдете во таква ситуација. Ако мајка ви пропушти важен настан во кој учествувавте, ако вашата најдобра пријателка беше премногу зафатена за вас, или ако некој не се согласува со вас, ставете се во нивна положба.

Бидете сочувствителни кон нивната гледна точка и изразете ги своите чувства со разбирање, вашите најблиски не сакаат да се чувствувате лошо. Барајте го доброто кај луѓето што ги сакате, наместо постојано да ги обвинувате.

„Сè е добро“

Иако е едноставна, оваа моќна мантра служи како постојан потсетник дека сè е во ред и дека сè ќе биде добро. Користете ја оваа мантра кога се чувствувате вознемирено.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg