30 животни лекции на кои ме научи 2019-та
Броиме ситно до крајот на 2019-та. Кога ќе погледнеме назад низ неа можеме да кажеме дека беше прав „ролеркостер“ од емоции и успеси.
Секоја нова година е нов предизвик и нова авантура. Па, затоа секоја година ни носи свои лекции и свои поуки.
Оваа година беше вистинско „виножито“ од радост и тага, успех и неуспех, болка и среќа и секое од нив си донесе своја лекција.
Во продолжение животните лекции кои ги научив од 2019-та, а многумина ќе се пронајдат и ќе си ги повторат:
1. Ме научи како да се почитувам и вреднувам себеси повеќе.
2. Ме научи дека не сите пријатели би го направиле истото што и јас за нив.
3. Ме научи да не се плашам од помислата дека некои луѓе ќе ги загубам засекогаш.
4. Ме научи како да бидам силен/на кога целиот свет ќе ми се руши „врз“ глава.
5. Ме научи како да станам по сите удари кои животот ќе ми ги зададе.
6. Ме научи дека секогаш е најдобро да го давам максимумот од себе, а животот самиот ќе ми возврати за тоа.
7. Ме научи дека праксата е клучот на успехот.
8. Ме научи дека треба да го оставам минатото настрана и да се фокусирам на иднината.
9. Ме научи да не се плашам да сонувам „големо и широко“.
10. Ме научи да бидам љубезен/а кон другите.
11. Ме научи дека секој ден е нов почеток.
12. Ме научи да дарувам прегратки без да прашувам зошто.
13. Ме научи дека никогаш не е доцна за да започнам и пробам нешто ново.
14. Ме научи дека некои луѓе навистина не заслужуваат втора шанса.
15. Ме научи дека секој ден е нова лекција.