Како да кажете „Среќен Божиќ“ на сите европски јазици?
Доколку во празничната сезона посетите некоја европска дестинација, сигурно би сакале да знаете како да кажете „Среќен Божиќ“ на тамошниот јазик.
За ова од помош ќе ви биде колоритната мапа направена од Јакуб Маријан, лингвист од Чешка кој зад себе има неколку вакви проекти.
Оваа мапа покажува како да кажете или да напишете „Среќен Божиќ“ на сите европски јазици. Сепак, од мапата се исклучени некои од јазиците на малцинствата, со цел да се заштеди простор.
Боите на мапата го покажуваат етимолошкиот корен на секоја фраза. На пример, црвената боја ги означува романските јазици кои користат збор за Божиќ со латинско потекло.
Веројатно веќе знаете дека во разни држави, Божиќ се прославува на различни датуми. Додека православните христијани го прославуваат Божиќ на 7-ми јануари, кај католиците празникот се слави на 25-ти декември.
Погледнете како да кажете „Среќен Божиќ“ на дел од европските јазици:
Албански: Gëzuar Krishtlindjet
Белоруски: з Калядамі или з Божым Нараджэннем
Бугарски: Весела Коледа или Честито Рождество Христово
Хрватски: Sretan Božić
Чешки: Veselé Vánoce
Дански: God jul или Glædelig jul
Холандски: Vrolijk Kerstfeest
Англиски: Merry Christmas или Happy Christmas
Естонски: Häid jõule
Фински: Hyvää joulua
Француски: Joyeux Noël
Германски: Fröhliche Weihnachten или Frohe Weihnachten
Грчки: Καλά Χριστούγεννα
Унгарски: Boldog karácsonyt
Исландски: Gleðileg jól
Ирски: Nollaig Shona + Dhuit (еднина) или Daoibh (множина)
Италијански: Buon Natale
Латвиски: Priecīgus Ziemassvētkus
Литвански: Linksmų Kalėdų
Луксембуршки: Schéine Chrëschtdag
Македонски: Среќен Божиќ или Христос се роди
Малтешки: il-Milied it-Tajjeb
Норвешки: God jul
Романски: Crăciun fericit
Полски: Wesołych Świąt (Bożego Narodzenia)
Португалски: Feliz Natal
Руски: с Рождеством (Христовым)
Српски: Srećan Božić или Hristos se rodi
Словачки: Veselé Vianoce
Словенечки: Vesel božič
Шпански: Feliz Navidad
Шведски: God jul
Турски: Mutlu Noeller
Украински: з Різдвом (Христовим)
Велшки: Nadolig Llawen