6 причини зошто декември е најубавиот месец во годината
Кога надвор плоштадот ќе го осветлат со многу ламбички во шарени бои и насекаде ќе почне да се чувствува една магична и чудесна еуфорија, сите знаеме дека декември е официјално пристигнат.
Декември е последното поглавје од една година. Последното поглавје кое го испишуваме пред да го свртиме она новото, полно со прилики и можности кои се на прагот за да ги дофатиме и испишеме.
Декември е онаа „тенка линија“ помеѓу стариот крај и новиот почеток. Затоа токму тој е и најубавиот месец од годината.
Во продолжение прочитајте зошто декември е најубавиот месец во годината:
Нова година
Зарем постои човек кој не ја сака новогодишната еуфорија и новогодишните празници? Подароци, прослави, семејни ручеци, собиранки со најблиските пријатели, среќата во овој преиод од годината е во воздухот.
Можеме да почувствуваме дека сите се возбудени за новата година и се во претпразнична еуфорија.
Насекаде насмевки и ламбички во шарени бои. А, дома - дебело ќебенце, колачиња и новогодишен филм.
Декември е најубавиот период за живот „под ќебе“
Ладното и студено време ги „сплотува“ луѓето. Затоа декември е најдобар месец доколку сакате да споделите по некоја гушка. Исто така сезоната на дебели и шарени чорапи, дебели, меки и плетени џемпери пристигнува официјално во декември.
Затоа декември е одличен месец да го успорите темпото на живот и да бидете благодарни за сите работи во животот. Декември е месецот на магијата.
Предновогодишните попусти
За предновогодишните попусти може да се рече дека го „надминуваат“ и Black Friday. Не постои жена или пак девојка која не ја чека оваа сезона само за да си го купи капутот која го „меркала“ со месеци пред тоа.
Подароци и новогодишни пакетчиња
Сите можеме да се согласиме дека без разлика на возраста сите секогаш уживаме да добиваме подароци.
Исто така сите обожуваме и да пазаруваме и да планираме подароци за нашите најблиски, затоа што знаеме дека тоа ќе „нацрта“ насмевка на нивните лица.
Забава
Декември е месецот со најмногу забави. Предновогодишни собиранки и прослави со пријателите и семејството, големата новогодишната забава и сите други забави организирани во чест на годината која изминува и на која сме горди поради успесите кои сме ги „врежале“ во нејзе.
Декември е тој кој ни нуди баланс помеѓу прославите за новите почетоци и прославите за успесите кои поминале.
Декември е како петокот од неделата
Сите луѓе секогаш зборуваат за нови почетоци и за втори шанси, а токму декември е правилниот месец за да се помисли на такво нешто.
Декември е како лош, тежок ден за кој знаеме дека поминува и дека конечно ќе следува нов, поубав и подобар ден.
Тој е тој кој нè мотивира да веруваме дека наредната година ќе биде уште подобра, со повеќе насмевки, повеќе љубов и повеќе успеси.
Т. Ѓ. | Црнобело