Новогодишни традиции во земјите низ светот кои се неочекувани за туристите
Каталонија – новогодишен трупец со подароци
Во Каталонија, децата и возрасните не наоѓаат подароци под елка донесени од Дедо Мраз, туку тие се скриени во специјално изработени трупци.
Јапонија – демони
Семејното патување за Нова година во Јапонија може да биде страшно за децата. Тука, за време на фестивал, луѓето се облекуваат во костими од слама и ставаат демонски маски, па одат од куќа во куќа каде живеат деца, за да ги потсетат дека треба да бидат мирни идната година.
Сепак, оваа традиција е страшна дури и за Јапонците кои се запознаени со неа.
Тајланд - Водени битки со слонови
Ако решите новата година да ја дочекате во Тајланд, внимавајте да не се најдете среде водена битка со слонови (иако ова може да се случи и во друг дел од годината, како во април).
Станува збор за локална традиција, па ако бидете испрскани со вода, не може да се пожалите. Водата симболизира прочистување од негативното што се насобрало во изминатата година, па не се вреѓајте ако се наводените.
Кина – огномет од топено железо
Ако се најдете во Кина за кинеската Нова година, може да начекате магична глетка, која може да биде и малку опасна.
Секоја година, на фестивал во Кина се фрла топено железо во ладни цигли, од што се формираат искри кои создаваат магична глетка како од огномет.
Етиопија – натпревар на големи стомаци
Ова е можеби единственото место каде нема да се срамите од вашиот вишок килограми, всушност ќе бидете издигнувани за оваа карактеристика.
Тука живее племе, каде мажите со голем стомак се сметаат за стандард за убавина. На Нова година, постарите мажи бираат кои момци биле најдобро хранети во изминатата година и добиваат пехар за убавина.
За да учествуваат во натпреварот, учесниците се подготвуваат со добро јадење 3-6 месеци пред Нова година.
М. М. | Црнобело