Имајте катче само за себе
Кога сме заљубени, размислуваме само за тоа како да бидеме заедно. Но, потребно е да се има свој простор, без разлика колку го сакаме партнерот.
Вие го обожавате, а тој е луд по вас. Тоа е супер. Уживате кога сте заедно. И тоа е супер. Но, тешко дека ќе ви биде убаво 24 часа дневно да бидете во ист, прилично тесен простор - во недостаток на можност за нешто подобро, бидејќи многумина од нас живеат во мал станбен простор.
Ако сте постојано затворени во истиот простор, луѓето почнуваат да меѓусебно да си пречат, а тоа нема поврзаност со тоа колку се сакаат или поднесуваат. Добро е да сме свесни за тоа и да се погрижиме да имаме свој простор.
Што се однесува до тоа, колку време и простор ни е потребно, тоа е индивидуална работа.
Има луѓе на кои им е доволно петнаесет минути сами да прошетаат на свеж воздух, а некому му треба значително повеќе време. Колку и да ви треба време, имајте го ова на ум кога се решавате за заеднички живот со партнерот.
На многумина, кои не можат да бидат почесто заедно, ова им е незамислива идеја, но само во почетокот.
Подоцна, има повеќе работи кои почнуваат да им пречат, да ги нервираат, па неретко избиваат кавги за ситници. За да не дојде до ова, дозволете си свое катче и свое време.
Што да правите со тоа соло време и каде? Се што сакате, таму каде што сакате (да не претеруваме сега... неморални и незаконски работи не доаѓаат во предвид).
Отидете некаде на прошетка, видете се со пријатели, изгледајте некој филм... Нешто што правите со задоволство, нешто што ќе ви ги наполни батериите, па со саканата личност ќе ви биде уште поубаво.