Изјави кои инспирираат

izjavi-koi-inspiriraat-povekjeДенес постојат уште повеќе успешни жени отколку во минатото. Жените се синоним за успех, храброст, моќ и интелигенција. Често пати делата...

 

...и зборовите на познатите жени се инспирација за многумина.

Ова се неколку кои ни оставија впечаток:

  • Роза Паркс, афро-американска активистка за човекови права: Со текот на годините научив дека кога умот е во добра состојба, го поништува стравот. Она што мора да го направите, направете го без страв.
  • Марија Кири, добитник на Нобелова награда за физика и хемија: Животот не е лесен за никого. Но, мора да бидеме упорни и да имаме самодоверба. Мораме да веруваме дека сме надарени за нешто и да тежнееме кон остварување на своите цели.
  • Глорија Стејнем, американска новинарка и политичка активистка: Без фантазија и сништа се губи возбудата на можностите. Сништата се на крајот на краиштата еден облик на планирање.
  • Ела Фицџералд, џез пејачка: Немојте да се откажувате од она што навистина го сакате. Таму каде постои љубов и инспирација, мислам дека ништо не може да тргне погрешно.
  • Индира Ганди, прв премиер на Индија: Научете да бидете концентрирани додека работите, а живејте за време на одморот.
  • Елизабет Кади Стантон, американска аболиционистка: Најдобра заштита за секоја жена е храброста.
  • Хелена Рубенштејн, полска козметичарка и претприемач: Напорната работа ги одржува борите и телесните несовршености надвор од умот.
  • Маја Анегелу, афро американска поетеса: Научив дека луѓето ќе го заборават она што го кажувате, она што сте го правеле, но никогаш нема да заборават како се чувствувале заради вас.
  • Одри Хепберн, актерка: Луѓето мора да се обновуваат и ревитализираат почесто од предметите. Никогаш не отфрлајте никого.
  • Принцезата Дијана: Бидете љубезни и имајте најдобри намери, без да очекувате награди, но бидете сигурни дека еден ден сето тоа ќе ви се врати.
  • Опра Винфри, американска ТВ ѕвезда: Бидете благодарни за она што го имате, затоа што ќе добиете уште повеќе. Ако се концентрирате на она што го немате, никогаш нема да имате доволно.

Би можело да ве интересира:

Женските маки низ 10 забавни илустрации Како се чувствуваме во оние денови, кога маки мачиме со циклусот? Како изгледа к...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Две умреле под мистериозни околности – Кои биле љубовниците на Кенеди и колку пари добила Џеки за да... Американските медиуми пишувале за аферите на претседателот Џон Ф. Кенеди уште пр...
10 бон-тон правила што треба да ги почитувате во италијанските ресторани Јадете леб со тестенините и нарачувате капучино со ручекот – Кои се најчестите г...
Идеи за пакување новогодишни подароци (што ќе им се допаднат и на најпребирливите) Подароците спакувани во едноставна еднобојна хартија можете да ги декорирате со ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg