Како луѓето ширум светот се обидуваат да ја спасат планетата? (фото)
Знаевте ли дека над 11.200 научници ширум светот се потпишаа на извештајот насловен „Предупредување за проблемот со климатските промени“?
Во овој извештај се нагласува дека на планетата ѝ се заканува огромна еколошка криза и ако не направиме нешто во најбрзо време, луѓето ги очекува незамисливо страдање.
Додека, очигледно, државите прават малку за да ја намалат емисијата на јаглероден диоксид, продолжуваат со сечењето на шумите и фрлаат третина од произведената храна, некои луѓе навистина се обидуваат да направат промена.
Без разлика колку мали изгледаат нивните дела, треба да ни служат како инспирација и ние да преземеме нешто.
Погледнете како луѓето ширум светот се обидуваат да ја спасат планетата:
Во Чешка има автомати за дополнување шампони за да не купувате нова амбалажа
Продавница што продава облека од рециклирана пластика и го прикажува процесот на производство
Во 2016-та година, во Франција на сила стапи закон што им забранува на супермаркетите да ги фрлаат некупените продукти. Обврзани се да ги донираат.
Во Данска има продавница за храна чиј рок на траење е при крај или чија амбалажа била оштетена. За да не се фрла, храната е поевтина за 30% до 50%.
Ова се 160 килограми храна кои наместо во депонија, завршиле во засолниште за бездомници. Биле нахранети 400 луѓе.
KitKat во Јапонија се продава во хартиена амбалажа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





