Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како подобро да си ги огранизирате времето и обврските?

Добра организација и сè е можно. Кога сме добро организирани и знаеме како да го користиме рационално времето, можеме да постигнеме сè.

kako-podobro-da-si-go-organizirate-vremeto-i-obvrskite-001.jpg

На сите ни се случило животот да ни биде тотален „хаос“. Обврски на сите страни, а не знаме од каде да почнеме.

Главен виновник за оваа појава е нашата неорганизираност и нашата навика да ги одложуваме обврските што е можно подолго. Затоа ние издвоивме за вас мали трикови со кои ќе се организирате подобро. Сите ги знаете, но заборавате да ги применувате.

Во продолжение -  совети како да си ги организирате подобро обврските:

Мало тефтерче со забелешки                                                                                          

Секогаш во чантата носете си мало тефтерче во кое ќе си запишувате забелешки. Роденден на некоја ваша пријателка или пак едноставен список за пазарење во маркет, секогаш е подобро да си имате мал потсетник при рака, затоа што така се помали шансите да заборавите нешто.

Никогаш немојте да се потпирате на вашата меморија и преферирајте да ги запишувате важните работи. Доволно е еднаш дневно да го проверите тефтерчето за да си ја „освежите“ меморијата.

Направете си распоред

За добра организација секогаш е потребен добар распоред. Најдобро е распоредот да го правите за викенд и тој да ви биде за цела недела. Од едноставни распореди на оброци - што и кога да јадете, па до распореди што да носите во текот на неделата.

Најважно е да се придржувате на распоредот што ќе го направите! А, доколку сакате да се мотивирате, можете да направите и годишни распореди каде што ќе си ги запишете вашите цели што сакате да ги остварите во таа година.

Не одложувајте работа за утре ако можете да ја направите денес

Секогаш водете се според ова правило. Ќе бидете пријатно изненадени како на овој начин ќе имате повеќе слободно време за некоја книга, за прошетка со пријатели или за интересен филм.

Не бидете мрзеливи и не ги одложувајте обврските затоа што така нема ништо да постигнете. Се разбира дека понекогаш на сите нас ни е потребен слободен ден, но не си дозволувајте секој ден да ви биде ден за одмор.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
10 фото-докази дека времето остава белег Од факс машина со скенер користена толку многу низ годините што хартијата ја исе...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Заминете си среде разговор: „Себични“ совети што ќе ви помогнат да го зачувате вашиот мир Ако при разговор, некоја личност продолжува да прави да се чувствувате непријатн...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg