Умници, влакна, бенки – Која е функцијата на навидум бескорисните делови од телото?
Нашето тело е навистина неверојатно – има безброј органи и делови, со стотици разни функции.
А, доволно е само да се погледнете во огледало за да најдете дел од телото чија функција ви е непозната.
Нашето тело има неколку навидум бескорисни делови кои им биле потребни на нашите предци, а некои од нив ни служат и денес.
Погледнете за кои станува збор:
Бенки
Бенките се појавуваат кога клетките на кожата растат во група, наместо да се распределат по целата површина.
Најчесто бенките се безопасни, но понекогаш се знак за некој проблем во организмот, како на пример рак. Постои и техника за „мапирање“ на бенки, со која се следат нивните промени. На овој начин ракот може да се фати навреме и да се спаси животот на пациентот.
Влакна под пазувите
Една од главната функција на влакната на телото е ослободување феромони. Ова се хормони со кои се привлекуваат потенцијални партнери.
Иста е функцијата и на влакната под пазувите.
Како животните, и луѓето имаат разни миризби кои им се привлечни, па може токму поради тоа ве привлекува износената маица на партнерот.
Умници
Умниците се всушност трет сет заби во нашата уста. Во минатото, нашите предци јаделе потврда храна, па имале потреба од овие заби, особено кога ги губеле другите.
Па, на некој начин, умниците се резервни заби.
Веѓи
Веѓите ги штитат очите од дожд и пот. Покрај тоа, веѓите ги користиме и за искажување емоции, па тие се важен дел од комуникацијата.
Едно истражување од 2003-та покажало дека веѓите се клучни за препознавање лица. Во 54% од случаите, испитаниците не можеле да ги препознаат познатите личности без веѓи.
Нокти
Ноктите на рацете и нозете се како штит за прстите. Истовремено, тие помагаат поцврсто да ги држите предметите.
Ноктите можат да бидат и показател за здравјето. Односно, ако се појави промена на бојата или формата на ноктите, најверојатно има некој проблем.