Дечковци кои се подготвени да се превртат наопаку за девојката да има добра фотка
„Мора да го најдеме местово, тука „лежи“ прекрасна фотографија“, реченицата која е способна да доведе до сериозна расправија, ако посилната половина противречи само еден збор или пак „преврти“ со очите.
Во оваа наша модернистичка ера, зборот „уживање“ сосема го изгуби своето значење.
Без разлика дали станува збор за патување, прослава или обична прошетка на убав сончев ден низ паркот, приоритет кој засенува сѐ останато е секако фотографирањето.
Сите оние „совршени“ фотографии кои секојдневно ги гледаме на нашите социјални мрежи, зад себе кријат разни приказни, односно измачувања кои довеле до финалниот резултат.
Многу често жртвата зад „порцеланските фотографии“ се токму момчињата.
Да, токму оние кои никогаш не ни помислувале дека за една обична фотографија ќе доживеат да лежат на подот или пак да се искачуваат кон бесконечноста.
Еден од најактуелните инстаграм профили кој ги сплоти овие „напатени“ души е профилот boyfriends_of_insta.
На овој инстаграм профил можете да видите разни успешни и неуспешни искуства, фотографии и видеа кои ќе ве насмеат до солзи и ќе ве потсетат дека во оваа борба не сте сами.
Во продолжение ви претставуваме неколку од нив:
И познатите личности се „жртви“ на овој модернистички терор:
;
Претпоставуваме дека низ овие фотографии и видеа се препознаа многу момци, а и девојки, па следниот пат обидете се да не го изгубите целиот ден на фотосесии, туку што повеќе да уживате во моментите кои ви се пружат.
Мила М. | Црнобело