Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Sadfishing“ - нов загрижувачки тренд што ги преплави социјалните мрежи

Ако сте често на социјалните мрежи, тогаш сигурно имате забележано дека сè повеќе познати личности зборуваат за нивните лични проблеми, внатрешни борби, несигурности и комплекси.

Sadfishing nov zagrizuvacki trend sto gi preplavi socijalnite mrezi 01

Не требаше долго да се создаде нов интернет-сленг наречен „sadfishing“, кој се користи за да се опише однесувањето на една личност која ги преувеличува своите емоционални проблеми, со цел да привлече внимание и да добие сочувство на социјалните мрежи.

Фразата за прв пат ја употребил британскиот Метро, откако ѕвездата и манекенката Кендал Џенер почна да зборува отворено за своите проблеми на Инстаграм. Поточно, како порано била несигурна и со денови плачела.

На крајот се покажа дека ова било само маркетиншки трик за бренд кампања што помага во борбата против акните.

Пејачот Џастин Бибер, пејачката Ели Гулдинг и актерката Шеј Мичел се, исто така, некои примери за користење на овој феномен со цел за самопромоција.

Па така Бибер објавил дека ниту пари, ниту автомобили не го исполнуваат повеќе. „Тешко е да излезете од креветот наутро кога сте презаситени“, напиша Џастин.

Ели зборуваше за тоа колку ѝ било тешко да се справи со нејзината кариера и дека страда од депресија, а Шеј откри дека страдала од депресија за време на бременоста.

Sadfishing nov zagrizuvacki trend sto gi preplavi socijalnite mrezi 02

Sadfishing е еден од оние трендови што е штетен за самодовербата на тинејџерите. Младите луѓе кои се соочуваат со вистински тешкотии потешко можат да бараат помош и поддршка преку социјалните мрежи, затоа што, на крајот на краиштата, како да се препознае што е вистинскиот повик за помош, а што барање на внимание и лајкови?

Со објавување на пораки за нивните емотивни проблеми младите луѓе се изложени на ризик да не го добијат одговорот што го сакаат. Многу луѓе поради овој тренд се чувствуваа „нападнато“, бидејќи побараа поддршка, а добија осуда, односно критики дека бараат внимание. 

Практично не постои начин да знаете дали вашиот пријател навистина страда или е во криза или само бара внимание. Затоа треба да се сфати сериозно секој алармантен пост.

Sadfishing nov zagrizuvacki trend sto gi preplavi socijalnite mrezi 03

Кога пријателот, кој обично не објавува ништо драматично, го направи тоа, истото може да биде знак дека му е потребна поддршка и помош.

Најдоброто решение и одговорот на сите тешки прашања во животот не можеме да ги бараме на социјалните мрежи.

Наместо да бараме утеха во празните коментари и празните срца на Инстаграм, би требало да побараме помош од стручно лице, доколку проблемите со кои се соочуваме се толку длабоки.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg