Како да ја утешите личноста која се справува со смртта на некој близок?
Смртта на саканата личност е едно од најтешките животни искуства. Оние кои се соочиле со ваква загуба мораат да се справат со многуте интензивни, и понекогаш застрашувачки емоции.
Неретко, во овие моменти луѓето се чувствуваат изолирано и осамено во нивното тагување. А, воопшто не е лесно да утешите некој што е во ваква ситуација.
Најдоброто што можете да го направите во овој случај е да покажете сочувство. Но, треба да внимавате како ќе го направите тоа.
Во продолжение погледнете неколку совети што ќе ви помогнат да ја утешите личноста која изгубила некој близок:
Не претпоставувајте
Никогаш немојте да претпоставувате каков бил односот помеѓу починатата личност и личноста што сакате да ја утешите.
Подобро поставете некое прашање за починатиот. На овој начин нема да се ставите во непријатна ситуација.
Прашајте за омиленото сеќавање
Повеќето луѓе со задоволство би одговориле на ова прашање.
Кога ќе загубат некој сакан, луѓето сакаат да зборуваат за најдрагите моменти што ги имале со таа личност. Па, овозможете им да го направат тоа.
Слушајте, а не зборувајте
Пробајте да се воздржите од зборување и споделување ваши приказни за почината личност, освен ако не ве прашаат нешто.
Притоа, дајте ѝ до знаење на личноста дека сакате да ја слушате и дека ви годи разговорот.
Понудете помош за нешто практично
Прашајте ја личноста дали можете да ѝ помогнете за што било практично. Во овие моменти, луѓето не се секогаш способни да ги завршат сите нивни обврски, па сигурно ќе бидат благодарни ако понудите помош.
Бидете нежни
Покажете сочувство и љубезност. Личноста што изгубила некој сакан е ранлива, па обидете се да не ѝ ја влошите состојбата со недолично однесување.
Доколку не ги знаете верувањата на личноста, немојте да ѝ велите дека починатиот заминал на подобро место или слично. Подобро фокусирајте се на нешто позитивно од животот на починатата личност.
Спирова С. | Црнобело