Кратки приказни кои треба да им ги раскажете на луѓето кои се обидуваат да ве понижат
Секогаш ќе постои личност која ќе сака да ве понижи и да направи да се чувствувате лошо.
Всушност, дури ни најголемите личности во историјата не биле имуни на непријателите и нивното подбивање. Но, овие луѓе знаеле како да ги замолчат „подбивачите“ со само една реченица.
Во продолжение погледнете неколку анегдоти што ќе ви покажат како да се справите со непријателите:
Спартанците и Филип Втори
Крал Филип: „Ако победам во оваа битка, засекогаш ќе ми бидете робови.“
Спартанците: „Ако.“
Стивен Хокинг и новинар
Новинарот: „Тврдите дека можно е да постојат безброј паралелни универзуми. Дали тоа значи дека постои паралелен универзум во кој јас сум попаметен од вас?“
Хокинг: „Да. Постои и универзум во кој ти имаш смисла за хумор.“
Дороти Паркер и пијаница
Пијаницата: „Не можам да поднесам будали.“
Дороти: „Очигледно, твојата мајка можела.“
Махатма Ганди и новинар
Новинарот: „Што мислите за западната цивилизација?“
Ганди: „Мислам дека цивилизација на западот е добра идеја.“
Една Фербер и Ноел Кауард
Ноел: „Една, па ти речиси изгледаш како маж.“
Една: „Каква случајност, исто и ти!“
Винстон Черчил и Џорџ Бернард Шо
Шо: „Ви праќам две влезници за првата изведба на мојата нова претстава. Дојдете со пријател… ако имате со кој.“
Черчил: „Никако не можам да присуствувам на првата претстава. Ќе дојдам на втората… ако се одржи.“
Гручо Маркс и натпреварувачка во ТВ емисија
Натпреварувачката: „Имам 10 деца.“
Маркс: „Десет? Зошто толку многу?“
Натпреварувачката: „Затоа што го сакам мојот сопруг.“
Маркс: „И јас ги сакам цигарите, но сепак, понекогаш ги вадам од уста.“
Елизабет Тејлор и новинар
Новинарот: „Кој машки главен лик ви бил најдобар партнер во филмовите?“
Елизабет: „Од оние кои ми се најдраги, би требало да спомнам неколку коњи и кучиња.“
Еминем и новинарка
Новинарката: „Луѓето велат дека Лил Вејн е пратен од Бог за да ги научи луѓето да рапуваат…“
Еминем: „Не се сеќавам дека сум пратил некој.“
Моцарт и обожавател
Обожавателот: „Господине Моцарт, размислувам да напишам симфонија. Можете ли да ми дадете предлог како да почнам?“
Моцарт: „Симфониите се сложена музичка форма. Можеби треба да почнете со нешто поедноставно, па полека да стигнете до симфонија.“
Обожавателот: „Но господине, вие сте пишувале симфонии уште на 8-годишна возраст!“
Моцарт: „Да, но никогаш не сум прашал некој како да го направам тоа.“
Спирова С. | Црнобело