Дали и колку лажеме на апликациите за запознавање?

Колку пати сме слушнале од пријателите и познаниците, или уште полошо, колку пати сме доживеале тотално разочарување по долго планираното излегување со личност која нè воодушеви во виртуелното дружење и кого запознавме преку некоја апликација?

Dali i kolku lazeme na aplikacii za zapoznavanje 01

Фасцинантен и духовит автор на пораки одеднаш се претвори во тивок или вознемирувачки соговорник во реалниот свет. Честопати слушаме за анегдотите на луѓето кои го поминале ова искуство.

Но дали и колку, всушност, лажеме на апликации за запознавање?

Добри вести за фановите на апликации и страници за запознавање! Според едно истражување само седум проценти од пораките разменети за време на процесот на виртуелното дружење содржат невистини, или поточно, лаги.

Статистиката вели дека нема поголем процент на лажговци на интернет, отколку што би се нашле во секојдневниот живот, во продавница, ресторан или парк.

Ако сме сами и незадоволни од нашиот љубовен живот, не треба да го чекаме братот на пријателот од соседот на тетката од вториот кат да ни се јави, туку можеме да инсталираме апликација за запознавање.

За што најмногу се лаже на овие апликации?

Речиси стереотипно, резултатите од истражувањата велат дека мажите лажат за висината и професијата, додека жените обично имаат фотографии со разни филтри за разубавување и подмладување.

Dali i kolku lazeme na aplikacii za zapoznavanje 02

Профилот на корисникот претставува само еден аспект на процесот на запознавање. Затоа истражувачите се фокусирале на анализирање на невистините во разменетите пораки.

Овие лаги би можеле грубо да се поделат во две групи. Луѓето лажат да се претстават во подобро светло, на пример, ќе лажат колку пати неделно одат во теретана за да се претстават како луѓе кои внимаваат на својот изглед.

Друг вид лага е наречена „батлерска лага“. Имено, овие лаги се насочени кон љубезност. Личноста која не сака да ја продолжи комуникацијата во еден момент, и поради некоја причина не сака да прекине контакт, нема отворено да каже дека не сака да зборува, туку ќе измисли дека батеријата на неговиот мобилен телефон е слаба.

Веројатно би било интересно да се анализира дополнително дали овие лица само сакаат да бидат љубезни и не сакаат да повредат нечии чувства или сакаат со тоа да задржат резервен став додека не се појави некој што повеќе ќе им се допаѓа.

Dali-i-kolku-lazeme-na-aplikacii-za-zapoznavanje-03.jpg

Понекогаш луѓето лажат дека се зафатени со некои ненадејни обврски за да не изгледаат како очајни и секогаш достапни, што би одело повеќе во оваа прва група лаги, во кои сакаме да се претставиме пред другите во подобро светло.

Научниците истакнуваат дека се добиени одлични податоци кои велат дека луѓето не лажат премногу во апликациите за запознавање.

Ако некој навистина сака да се запознае со нова личност нема да лаже без потреба, затоа што во еден момент ќе се дознае вистината, а можеби мала, невина лага ќе доведе до губење на довербата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg