Симболиката на розите
Розата со право е наречена кралица на цвеќињата. Низ целиот свет е позната како традиционален симбол за љубов и убавина. Речиси сите уметници го...
...величат овој цвет, писатели, поети, музичари...
Во светот на уметноста во најголема мера се користи во периодот на грчко - римската антика каде во Стара Грција поетот Анакреонт во своите оди ја славеше роза како кралица на цветовите и цвет на боговите.
Во антиката освен како цвет на љубовта и среќата била и симбол на херојска храброст, триумф и слава. Розите се ставале на гробовите на паднатите јунаци и ги поврзувале со задгробен живот.
Во Рим дури и вовеле посебен празник т.н. Росалиа, кога со истурање рози на гробовите и подготовка на јадења од нејзините латици се сеќавале на покојните роднини и пријатели.
За старите римјани розите претставувале раскош, богатство, убавина.
Ружите биле и атрибут на убавиците кои биле на продажба, затоа што со нив се кителе грчите хетери и римските куртизани.
Заради тоа во 19 век проститутките биле нарекувани ружи, а јавните куќи носеле имиња „Кај црвена ружа“, „Во градините на ружа“ и сл.
Во христијанската иконографија носи бројни значења – од рајска убавина и вечен живот, божја љубов и милост, се до непоколеблива вера и маченичка смрт.
Кога најчесто добивате и подарувате рози?