20 начини да бидете посимпатични за луѓето во околина
Сите сакаме да им се допаднеме на другите. Па, што е тоа што некои луѓе ги прави похаризматични од останатите?
Овие 20 совети и мали промени може да ви помогнат да бидете посимпатични во очите на другите:
- Користете позитивни зборови и реченици.
- Понудете помош, дури и кога тоа не се бара од вас.
- Бидете дарежливи, посебно со храната, но и останатите работи кои ги имате во изобилие.
- Не викајте додека зборувате.
- Слушајте без да критикувате и осудувате.
- Не се фалете. Најбрз начин да им станете одбивни на луѓето е да се фалите колку сте супер.
- Смејте се сами на себе.
- Не ги исмејувајте другите.
- Не бидете лепенка. На сите им треба време за себе.
- Грижете се за сопствената хигиена и мирисот кој го носите со себе.
- Дајте комплимент, но само ако го мислите. Лажните коментари се проѕирни.
- Не трачарете многу. Интересно е да споделите некоја информација, но не претерувајте.
- Бидете достапни и отворени за разговори и договори.
- Зборувајте кратко, јасно и прецизно за луѓето лесно да ве разберат.
- Паметете ги имињата на луѓето и повторувајте ги кога им се обраќате.
- Покажете сличност со личноста со која зборувате.
- Непроверените информации држете ги за себе.
- Не ветувајте премногу. Луѓето не веруваат на зборови.
- Заземете став за своите уверувања, но не ги наметнувајте.
- Иницирајте дружби. Поканете ги луѓето на кафе, ручек, вечера или настан.
М. Д. | Црнобело