Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 работи кои ќе ве направат посреќни

Што е среќа? Се чини како чудно прашање нели, но што навистина претставува ова зборче од пет букви?

10-raboti-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-01.png

Која е вашата дефиниција?

Среќа е сѐ она кое ви измамува насмевка на лицето.

Сите оние работи кои уживате да ги правите, сите оние луѓе кои знаат како да ви го разубават денот.

Всушност среќата е насекаде околу нас, само треба да умееме да ја препознаеме.

Таа има прилично важна улога во нашите животи, а со тоа и огромно влијание врз начинот на кој живееме.

Доколку сакате да ја пробиете монотонијата во вашето секојдневие, во продолжение ви предложуваме 10 работи кои можат да ве направат посреќни:

1. Медитација 

Да, медитацијата е број еден, но со причина!

Писателот Шон Ахор вели:

„Студиите покажуваат дека неколку минути по медитирањето, доживуваме чувство на смиреност и задоволство, како и зголемена свест и емпатија. Истражувањата дури покажуваат дека редовното медитирање може трајно да го пренасочува мозокот кон подигнувањето на нивото на среќа“.

Во друга студија спроведена од истражувачи во општата болница во Масачусетс, научниците извршиле споредување на пациенти кои се согласиле за медитација и оние спротивните.

По завршувањето на курсот, групата од 16 лица покажала значителен раст во регионите на мозокот поврзани со самосознавање и сочувство.

10-raboti-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-02.png

2. Правете промени 

Ако сте во можност, размислете за преселување близу вашето работното место, или пак пронаоѓање на нова работна позиција.

Навистина, промените прават чуда.

Испробајте нешто ново. На пример испијте го вашето утринско кафе во парк, наместо во кафулето кое секое утро го посетувате.

Заменете ги нештата. Наместо велосипед, следната недела пешачете или пак возете ролери.

Слушајте музика која одамна не сте ја слушале. Поканете го на ручек пријателот од детството.

Едноставно е, излезете од вашата комфорна зона.

3. Помогнете некому 

Што ако потрошите само неколку минути, па и часови за да помогнете на некого?

Без разлика дали се работи за бездомник, куче скитник, родител, пријател или пак познаник.

Подадете рака. Секое добро дело исполнува со позитивна енергија.

Самиот факт дека сме се обиделе да му го олесниме „нештото“ некому, со сигурност прави да се чувствуваме како подобра личност а и воедно да сме посреќни.

10-raboti-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-06.jpg

4. Купете си нешто

Можеби не секој го обожава шопингот, но секој од нас има одредена желба којашто мечтае да си ја исполни, односно да си ја овозможи.

Тоа не мора да биде нешто скапо или пак „невозможно“, едноставно треба да е нешто кое нас ќе не направи среќни.

Дали ќе станува збор за добар ручек којшто не можете секојдневно да си го дозволите, некоја чанта од излогот во кој ѕверите со недели или пак добра книга која дополнително ќе ве опушта и разведрува.

Не заборавајте да се сетите на себеси.

5. Спијте доволно 

Ова веројатно веќе го знаевте, но погледнете ја следнава студија:

„Во еден експеримент студентите од колеџот кои немале доволен сон, се обиделе да запаметат список со зборови. Можеле да запомнат 81% од зборовите со негативна конотација, како „карцином“. Спротивно на тоа, тие запомниле само 31% од зборовите со позитивни или неутрални конотации, како „сонце“ или „ластовица“.

Некои научници тврдат дека лишувањето од спиење е насочено кон хипокампусот, кој е одговорен за обработка на позитивни или неутрални сеќавања, е одговорен за ваквите ефекти.

10-raboti-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg