Моќни фото-приказни што ќе ви ја променат перспективата за светот

Огромни пожари во Австралија

Тројца луѓе загинаа, а уништени се над 100 домови во пожарите кои дивеат во Австралија. Во Њу Саут Велс веќе е прогласена вонредна состојба, а се верува дека ова е можеби најлошиот пожар со кој се соочиле Австралијанците.

Над 1.500 пожарникари се обидуваат да се справат со катастрофата.

mokjni-foto-prikazni-shto-kje-vi-ja-promenat-perspektivata-za-svetot-08.jpg

mokjni-foto-prikazni-shto-kje-vi-ja-promenat-perspektivata-za-svetot-09.jpg

mokjni-foto-prikazni-shto-kje-vi-ja-promenat-perspektivata-za-svetot-10.jpg

Тигрите во заробеништво се побројни од оние на слобода

Од National Geographic споделија загрижувачки вести – тигрите во заробеништво се побројни од оние во дивината. Се претпоставува дека денес има околу 3.900 тигри во дивината, а овие големи мачки се поблиску од истребување од кога било.

Проблемот е што никој не знае колкав е бројот на заробените тигри, а голем дел од нив се чуваат во ужасни услови. Тие се користат како туристички атракции, се дрогираат за да бидат „безбедни“ за туристите и се занемарува нивното здравје.

Малечките се одделуваат од нивните мајки, голем број умираат, а животните мораат да „работат“ и до 10 часа дневно.

mokjni-foto-prikazni-shto-kje-vi-ja-promenat-perspektivata-za-svetot-11.jpg

mokjni-foto-prikazni-shto-kje-vi-ja-promenat-perspektivata-za-svetot-12.jpg

Животни лекции од фотографиите на Нан Голдин

Кариерата на фотографката Нан Голдин трае повеќе од 5 децении. Нејзините фотографии допираат до најмрачните, најнепријатните делови од човечката природа. Нејзините портрети прикажуваат луѓе во лоши периоди од нивите животи и ни помагаат да ја развиеме емпатијата и подобро да ги разбереме другите.

Но и покрај ова, Нан успева да ја долови радоста и чудото на животот.

mokjni-foto-prikazni-shto-kje-vi-ja-promenat-perspektivata-za-svetot-13.jpg

mokjni-foto-prikazni-shto-kje-vi-ja-promenat-perspektivata-za-svetot-14.jpg

Извор



Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg