Моќни фото-приказни што ќе ви ја променат перспективата за светот
Една слика вреди илјада зборови, а фотографиите во продолжение дефинитивно го докажуваат тоа.
Без разлика дали станува збор за добри или лоши вести, фотографите ширум светот го даваат најдоброто од себе за да ги споделат.
Неретко тие дури и ја ризикуваат нивната безбедност, само за да ни покажат што се случува во другите краеви од светот.
Во продолжение можете да погледнете неколку моќни фото-приказни, кои навистина ќе ја променат вашата перспектива.
Од протестите во Хонгконг, па сè до поплавата во Венеција, овие фотографии раскажуваат навистина моќни приказни...
Генерациска поделба на протестите во Хонг Конг
Во Јау Ма Теи, едно од најстарите и најгусто населените населби во Хонгконг, демонстрантите и лојалистите живеат еден од друг, понекогаш и во ист стан.
Навечер, слоганите што се користат за време на демонстрациите се претвораат во расправии, поради генерациската поделба на луѓето.
Приказните од Јау Ма Теи прикажуваат навистина необично коегзистирање – улиците на соседството се полни со хипстери, уметници, платени работници и пензионери кои ги трпат последиците.
Најлошата поплава во Венеција
Познатиот историски град е под вода, а поплавите предизвикуваат катастрофална штета.
„Венеција е на колена. Базиликата Свети Марко претрпе сериозна штета, исто како целиот град и островите“, напиша на неговиот Twitter профил градоначалникот на Венеција.
Поплавата, поттикната од силните ветришта, е одговорна за најмалку еден смртен случај. Според информациите, ова е најголемата поплава на градот од 1966-та година.