За уникатно сервирање!
Станува збор за навистина уникатна идеја која може да ја направи секој од вас. Ако сакате да бидете посебни во сервирањето на овошје, сладолед, зеленчук...
...и останати слатки задоволства ова е навистина нешто кое треба да го пробате.
Ледена чинија! Она што ви е потребно е само малку трпение.
Ставете две чинии со различна големина една во друга и просторот помеѓу наполнете го со вода (или со течност во друга боја по избор).
Зацврстете ги со широк селотејп и ставете ги во замрзнувач. Почекајте некое време и извадете ги чиниите со тоа што ќе ги оставите да се подотпуштат надвор 10-тина минути.
Одвојте ги чиниите нежно и сервирајте! (бидете брзи со јадењето пред да ви се стопи чинијата).