Како еден подземен паркинг може да го реши проблемот со бездомници?
Бездомништвото е проблем што постоел отсекогаш.
Многу луѓе немаат свој дом поради болест или бидејќи го изгубиле работното место. Ако се со лошо здравје, овие луѓе не можат да работат, а поради тоа не можат да ја платат сметката за на лекар и ова се претвора во бескраен круг.
Бездомниците немаат избор и мораат да спијат на улица, покривајќи се со што ќе најдат. Притоа, мораат да бараат храна и топла облека од другите, или од корпите за отпадоци.
Но, една добротворна организација решила да им помогне на овие несреќни луѓе.
Откако од австралиската организација Beddown согледале во какви услови спијат бездомниците, решиле да променат нешто. А, смислиле навистина неверојатна идеја – направиле засолништа за бездомници на места кои се празни навечер, како паркинзи.
Организацијата контактирала еден од најголемите оператори на паркинзи во Австралија, Secure Parking, а оттаму веднаш се согласиле да направат проба.
Основачот на организацијата, Норман Мекгиливреј, ја добил идејата додека навечер минувал низ празен паркинг. Тогаш си помислил зошто да не ги направат паркинзите засолништа за бездомници.
После некое време внимателно планирање, Норман успеал да ја реализира неговата идеја.
Многу бездомници страдаат од недостаток од сон поради нивните животи околности. Ова, пак, може да предизвика цела низа други проблеми, како депресија, дијабетес, дебелина, проблеми со сеќавањето, а може да води и до злоупотреба на алкохол и наркотици. Покрај тоа, овие луѓе постојано се изложени на ризик од напад или кражба.
Организацијата им нуди и други услуги на бездомниците, како лекари, медицински сестри, заболекари и фризери. Им даваат и чиста облека и место каде што можат да се избањаат.
„Ќе се обидеме да им овозможиме што е можно поудобен кревет на бездомниците. Нивниот сон е нашата најважна цел. Недостатокот од спиење е огромен проблем за бездомниците, па местото што им нуди заштита и удобност ќе има големо позитивно влијание врз нив“, велат од организацијата.
Ова се дел од коментарите на луѓето кои ги искористиле услугите на организацијата:
„После една недела спиење овде и после добриот сон и ноќната рутина, се потсетив како е да се живее, па се пријавив во центар за рехабилитација.“
„Можам да спијам цела вечер и се држам понастрана од дрога. Во текот на денот сум почист и немам користено никакви наркотици 8 дена.“
„Прв пат сонував после многу години.“
„Овде не морам постојано да внимавам на себе.“