Шарм или напорна работа - што дава резултати?
Дали мислите дека е потребна само силна посветеност и напорна работа за да се стигне до целта? Или мислите дека и шармот ја игра својата улога?
Двете методи ни помагаат кон патот до успехот, затоа е важно да ги усвоиме, вежбаме и развиваме.
Дознајте нешто повеќе за предностите на шармот и напорната работа...
Предностите на шармот
Можеме да бидеме најпаметни луѓе, но ако немаме шарм и харизма, односно, ако не воспоставуваме добри односи со другите луѓе, никој нема да го знае тоа. Харизмата ни овозможува да добиеме потврда за тоа кои веќе сме.
Темелите на харизмата се присуството во сегашниот момент во комуникација со другите, луѓе, топлината и способноста. Харизмата е како алатка што ни овозможува побрзо да стигнеме до нашата дестинација, како што е познавање на друг странски јазик.
Истата ни овозможува да бидеме попродуктивни и да правиме повеќе. Исто така, ако сме харизматични и шармантни, нашите планови веројатно ќе успеат. Харизмата директно ни дозволува да оставиме што е можно подобар впечаток.
Митови за харизмата
Честопати се смета дека, за да бидеме харизматични, мора да бидеме и физички привлечни. Истражувањата покажуваат дека атрактивноста на луѓето се оценува според харизматично однесување, како што е гледање во очи и користење на јазик на тело.
Харизматичноста нè прави попривлечни, а не обратно. Понатаму, верувањето дека само екстровертните луѓе можат да бидат харизматични е исто така мит. Интровертите дури имаат предност пред екстровертите заради нивната подобра способност за слушање и поголема самосвест.
Ова им овозможува да бидат поприсутни во комуникацијата со другите и повеќе харизматични.
Напорна работа не мора да биде напорна
При самото спомнување на напорна работа помислуваме на придавки како напорен, тежок и макотрпен. За да успееме во нешто што сакаме, потребно е време и напор, но тоа не значи дека нашата работа мора да биде тешка или напорна.
Кога нашите животи се исполнети со цел, не е тешко да направиме нешто за што сме страсни и во што уживаме.
Оставете го одложувањето и преземете акција
Веднаш штом ќе сфатиме дека одложуваме работи и дека имаме стотици причини зошто не можеме да направиме нешто во моментов, токму тогаш е важно да започнеме нешто.
Одложувањето нè држи во позадина и не ни дозволува да ги оствариме нашите соништа. Одложувањето е страв од излегување од комфортна зона, а тоа е изложеност на ризик и промена, нешто непознато. Но тоа е единствениот пат што води напред.
Многу е полесно да се започне со нешто кога сме фокусирани на следниот чекор, отколку на крајната цел, бидејќи е далеку од почетната перспектива и изгледа недостижно.
Доаѓање до која било цел бара одредена работа и напор. Затоа, ако се стремиме кон промена, без разлика дали станува збор за поздрав живот, подобра работа или посреќна врска, наместо да размислуваме, разговараме и сонуваме за тоа, треба да започнеме да дејствуваме.
За постигнување на целта подеднакво се важни и шармот, начинот на кој се презентираме и комуницираме со другите, и нашата упорност и истрајност, дури и кога целта е далеку од хоризонтот.
Ашера | Црнобело